Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авганистан: Националниот фронт на отпорот порача дека илјадници се подготвени да се борат против талибанците

0
By Biljana on August 23, 2021 СВЕТ
Afghan National Army officers keeps watch at a chek point in Kabul, Afghanistan July 8, 2021. REUTERS/Mohammad Ismail
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 21:34

Група анти-талибански бунтовници тврдат дека во нивните редови има илјадници луѓе кои се подготвени да се борат.

Али Назари, шеф за надворешни односи на Националниот фронт на отпорот во Авганистан изјави за Би-Би-Си дека групата сака да ги продолжи мировните преговори. – Но, „ако не успеат … нема да (прифатиме) никаков вид агресија, вели тој.

Талибанците, сепак, тврдат дека го опколиле упориштето на групата во Панјшир, познатата Долина на петте лавови. Амрула Салех, вицепремиерот соборен од талибанците, во моментов е во Панјшир, провинција североисточно од главниот град Кабул. Оттаму, тој твитна дека талибанците распоредиле голем број војници во близина на влезот во долината.

Провинцијата Панјшир, особено долината со исто име, исто така, се спротивстави на советската инвазија во војната од 1979 до 1989 година, а потоа и на талибанците во 1990 -тите. Според сведоштвата, таа во моментов се уште е под контрола на Националниот фронт на отпорот во Авганистан, основан од Ахмад Масуд – син на авганистанскиот херој на отпорот Амхад Шах Масуд.

Ахмад Шах Масуд беше моќен командант кој го предводеше движењето на отпорот против Советскиот Сојуз, а потоа беше лидер на военото крило на авганистанската влада против ривалските вооружени трупи во текот на 1990 -тите, потсетува Би-Би-Си. Кога талибанците ја презедоа контролата, тој беше главниот воен противник на нивната влада, се до неговата смрт во 2001 година.

Назари за Би-Би-Си радио 4 изјави дека неодамна во провинцијата дошле противници на талибанците од целата и биле на обука. Тој рече дека групата брои „илјадници луѓе подготвени да дадат отпор, но Би-Би-Си нагласува дека не можел да добие потврда за ова тврдење од независни извори.

„Ние се стремиме кон мир и преговори пред каква и да е војна и конфликти“, рече Назири.

Главната цел на Националниот фронт на отпорот на Авганистан е децентрализирана власт во земјата.

„Националниот фронт на отпорот верува дека за долгорочен мир е неопходно потемелно решавање на проблемите што ги има Авганистан, додаде тој. – Авганистан е земја составена од етнички малцинства, никој не е мнозинство. Тоа е мултикултурна земја, затоа е потребна поделба на власта – договор за поделба на власта во која се претставници на сите. Ако доминира само една група во политиката, ќе има внатрешни војни и продолжување на тековниот конфликт“, рече тој.

„Претпочитаме мир и даваме приоритет на мирот и преговорите. Ако тоа не успее, ако видиме дека спротивната страна не е искрена се обидува да се наметне на остатокот од земјата – тогаш нема да прифатиме никаков вид агресија“, додаде Назари.

Авганистан Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.