Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеф на мафијата „Кудо-каи“ осуден на смрт во Јапонија

0
By НОВА ТВ Balaban on August 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 25, 2021 10:49

Побарав фер судење… Ќе жалите за оваа одлука до крајот на животот, рече Номура пред судијата.

Јапонските власти го осудија на смрт шефот на мафијашката организација „Кудо-каи“ – 74-годишниот Сатору Номура, за нарачување убиство и напади врз три лица меѓу 1998 и 2014 година.

Јапонецот ги отфрли обвиненијата, но Окружниот суд на Фукуока ги прифати аргументите против него. За многумина, ваквата пресуда е своевидно изненадување, оти немало докази што директно ќе го поврзат Номура со нападите.

– Побарав фер судење… Ќе жалите за оваа одлука до крајот на животот, рече Номура пред судијата.

Номура е осуден затоа што, според пресудата, во 1998 година наредил убиство на поранешен влијателен шеф на риболовно здружение. Исто така, му се судеше за напад врз роднина на жртвата на убиството, од 2014 година и напад на медицинска сестра во клиниката каде што Номура се лекувал, објавија јапонските медиуми.

Номура беше обвинет и за напад од 2014 година, врз полицаец кој ја истражувал неговата мафијашка организација. Полицаецот преживеал, но се здобил со сериозни повреди. Обвинителите тврдеа дека сите напади биле извршени од организацијата Кудо-каи на чело со Номура.

Јапонија е една од земјите каде што сѐ уште важи смртната казна. Јавната поддршка за смртната казна во Јапонија останува висока и покрај критиките од меѓународната заедница и групите за човекови права.

Јапонија осуден Шеф на мафијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.