НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На општините им се потребни повеќе пари и едуциран кадар-интервју со Извршната Директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ

0
By Mirjana on August 25, 2021 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупниот долг на општините во 2018 година изнесуваше 4 милијарди и 998 илјади денари. Истата година од државниот буџет им беа префрлени 3 милијарди и 32 илјади денари. Во моментов долгот на општините е над 3 милијарди и 800 илјади денари, што значи за три години се генерирал нов долг од милијарда и 866 илјади денари.  

И во предвечерието на овие локални избори живи се дискусиите за долговите на општините и колку се тие солвентни и „ способни“ да ги покриваат милионските суми евра кои некаде се влечат со години и што станува со генерирањето нови долгови. Дополнително па што оваа тема  и тоа како е потентна за партиски препирки кој градоначалник и од која политичка провиниенција  направил поголеми долгови.

Вкупниот долг на општините во 2018 година изнесувал 4 милијарди и 998 илјади денари. Истата година од државниот буџет им беа префрлени 3 милијарди и 32 илјади денари. Во моментов долгот на општините е над 3 милијарди и 800 илјади денари, што значи за три години се генерирал нов долг од милијарда и 866 илјади денари.

Тетово е на врвот на листата најзадолжени општини чиј долг достигна околу 10 милиони евра или една третина од годинешниот буџет со што стана најзадолжена македонска општина. Охрид пак е на врвот на листата за долг по глава на жител, кој изнесува 123 евра.

11 општини меѓу кои Струмица,Тетово,Куманово,Струга, Дебар, Чаир,Кичево, Карпош , Охрид, Студеничани и Брвеница го сочинуваат најголемиот процент од вкупниот долг или  62%. Додека останатите73 општини споделуваат 38% од вкупниот долг.

За тоа со какви други проблеми и отворени прашања се судираат градоначалниците, разговаравме со Извршната Директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ. Перишиќ за НоваТВ, вели предизвик за решавање остануваат повеќе пари со кои би располагале општините како и едуциран кадар во делот на сите инспекциски служби. Но, затоа има реформи  по кои сме на првата односно на втората позиција во регионот и во Европа, а тоа е електронската градежна дозвола.

Нова ТВ: Со кои проблеми најмногу се соочуват единиците на Локаланата Самоуправа, на што се жалаат најмногу градоначалниците?

– Основен проблем секако е недостаток на финансиски средства за функционирање на општините. Но има и други проблеми, како што се: недостаток на едуциран кадар за одредени надлежности, а највеќе за извршување на нспекцискиот надзор во сите области.

Нова ТВ: Колку од општините се поврзуваат меѓусебно за проекти од заеднички интерес. Од која сфера се тие проекти?

– Имаме безброј примери каде општините се поврзуваат, односно прават договори за меѓуопштинска соработка. Најчесто се тоа соработки поврзани со собирање на даноци на имот, урбанизам и градежно земјиште, комунални дејности и слично. Тоа се случува речиси секогаш кога некоја од општините ќе се судри со недостаток на капацитети во одредена област.

Нова ТВ: Дали некои од општините кои гравитираат кон пограничните зони, развиваат соработка со некоја исто така општина од пограничната зона од другата страна на границата?

-Тоа се случува пред се при реализација на проекти за прекугранична соработка, финансирани од ЕУ. Најдобрата соработка ја имаат остварено општините од Источниот и Југоисточниот регион, кои многу години по ред реализираат проекти со нивните партнери од Бугарија. Во последните неколку години се отпочна со реализација на проекти од прекугранична соработка и во останатите региони и тоа со Албанија, Косово, Србија и со Грција.

Нова ТВ: Како би ја оцениле меѓународната соработка како и со земјите од регионот со сличните на вас заедници. Дали разменувате искуства. Што е она што како искуство од македонска страна било применето надвор од нашите граници, и што е она што ние сме примениле од другите земји?

– Соработката со сестринските организации од регионов би ја опишала како одлична и многу пријателска. Околу 20 години работиме заедно со нашите колеги од сите земји, а се обидуваме да ги размениме најдобрите искуства, иако имаме различни надлежности во локалната самоуправа во разни земји. Ние како држава сме први во Европа и втори во цел свет кои воспоставија електронски систем за издавање на дозволи за  градба. Колегите во регионот сакаа да им помогнеме и ним да воспостават такви системи, па ние тоа и го сторивме и им помогнавме на Србија, а потоа и на Албанија да воспостават електронски системи за издавање на дозволи за градба. Исто така работевме и со други земји, па очекуваме дека и тие ќе се јават со конкретно барање и нив да им помогнеме. Што се однесува на искуство кое сме го увезле од друга земја, би го издвоила БФЦ стандардот, или Бизнис пријателско сертифицирање, кое е пракса воспоставена во Србија а потоа применета и кај нас.

Нова ТВ: Депониите се рак-рана на македонското општество. Знаеме дека неколку градоначалници од источниот регион на државата, се организираа со цел решавање на овој проблем. До каде е овој процес?

– Во случајот на депониите уште во 2018 година се договоривме со Владата дека општините ќе им ја пренесат надлежноста на централните институции и тие многу побрзо ќе го решат проблемот со воспоставување на регионални депонии. Така и направивме. Значи во секој регион градоначалниците се организирани и чекаат да завршат постапките на централно ниво, за да се воспостават депониите.

Нова ТВ: Новина во процесот на децентрализација на локално ниво е и децентрализацијата на културните установи? Почна ли процесот и до каде сте дојдени?

– Децентрализацијата на културата е процес кој започна во 2005 година, односно на самиот старт на почеток на процесот на  децентрализација во државата. Ние како ЗЕЛС, односно нашите членки, бевме многу незадоволни со тоа како тогаш беше димензиониран тој процес, а искуството од 16 години покажа дека сме имале право. На една од седниците на Владата, во месец  јули се разговараше на оваа тема и добивме одговор дека Владата и министерството за култура уште еднаш ќе го разгледа својот однос кон ова прашање и ќе разговара со нас по истото.

Мирјана Трпческа

 

 

 

 

 

ЗЕЛС интервју перишиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.