Според талибанците, најмалку 52 лица се повредени во денешниот напад на аеродромот во Кабул, јави ДПА.
Има и мртви, но бројката сè уште не е јасна, изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, за локалната ТВ станица TOLONews.
Невладината организација „Итна помош“ претходно објави дека најмалку шест лица се донесени мртви во нејзината болница во Кабул.
Инаку, во Кабул имаше две експлозии. Едната експлозија беше на една од портите на аеродромот, а другата до хотел кој е блиску аеродромот.