Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глумицата Хосеини во неверување: Како може светот немо да ги набљудува Талибанците?

0
By НОВА ТВ on August 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 28, 2021 13:10

Фереште Хосеини (24) е иранска глумица со авганистанско потекло, која во Иран прераснува во голема ѕвезда, а периодов го помина во Србија каде учествува во снимање на филмот „Меѓу боговите“. Досега глумела во шест филмови и една серија, а на меѓународниот филмски фестивал во Мароко ја доби наградата за најдобра женска улога. „Како може немо да гледаме како се убиваат луѓе во Авганистан? Како е можно само да се молчи и да се набљудува такво нешто, да се гледаат толку многу деца и нивните родители како умираат, ги напуштаат своите домови и се навистина уплашени?“, прашува Хосеини во интервју за српскиот магазин „Време“.

-Вие сте со потекло од Авганистан, како и зошто Вашето семејство ја напушти земјата и отиде во Иран?

Заминаа пред повеќе од дваесет година, кога талибанците дојдоа на власт во Авганистан. И моето семејство, но и многу други луѓе ги напуштија своите домови и станаа бегалци во други земји, со цел да си го сочуваат животот од талибанците, кои пак сега повторно се на власт.

-Како ги примате вестите што доаѓаат од Вашата татковина?

Тоа е лудо, како некој кошмар во кој се уште не можам да поверувам. Тие ги освоија сите градови и области освен Пандшир. Имам многу пријатели и роднини таму. Некои од нив се глумци, глумици, новинари, новинарки… Нивните животи сега се во опасност.

-Дали сте во контакт со нив?

Да, секој ден, најмногу преку социјалните мрежи. Не смеам да ги кажам нивните имиња, бидејќи може да биде опасно за нив. Стравуваат, не се чувствуваат сигурно. Талибанците велат „не, сигурни се“ и се обидуваат да покажат дека се смениле. Мислам дека тоа е голема лага, веќе убија голем број луѓе, меѓу кои и жени и деца, луѓе со кои се познавав. Тие ги бараат новинари и фотографите, но единствено за да ги убијат. Велат дека нема да го направат тоа, но сум уверена дека тоа е голема лага. Јас, со мојот пријател, се обидуваме да извлечеме дел од нив, претежно од Кабул, каде имам најмногу пријатели. Се надевам дека сето ова е кошмар. Секое утро кога ќе се разбудам, веднаш одам на социјалните мрежи и не можам да верувам што се случува. Сакам луѓето ширум светот да ги поддржат луѓето од Авганистан во оваа ситуација, да не ги оставаат сами. Би сакала да не ги поддржуваат талибанците, да не преговараат со нив. Ние ова веќе еднаш го искусивме, знаеме колку опасни луѓе се тоа и колку е тешко да се живее под нивна власт. Би сакала луѓето во светот да не молчат за ова, туку нешто да кажат и направат. Мојата тетка е во Авганистан и мајка ми многу се грижи за неа. Има многу луѓе кои имаат млади ќерки, кои талибанците ги присилуваат да се омажат за нив, толку млади девојки, тинејџерки… Тоа е против секој закон, тоа е како да ги силувате. Ова би требло да го знаат луѓето ширум светот.

-Дали очекувавте некогаш вакво нешто да се случи?

Не, ниту јас, ниту моите родители, никој ова не го очекуваше. Сите мои пријатели таму се млади, имаат меѓу 20 и 27 години. Многумина живееја во Иран, како мене, каде родителите им побегнале, но голем дел се вратија назад во Авганистан затоа што сакаа да живеат и работат во својата земја. Сега тие се во опасност. Кога разговарам со нив, ми го кажуваат истото: дека не можат да веруваат што се случува, дека не очекувале ова воопшто да се случи. Се се случи толку брзо. Не разбирам како успеаја да ја преземат власта без нечија помош. Мислам дека некој им помогна.

-Дали Ви се чини дека светот го препушти Авганистан на талибанците?

Да, секогаш сите зборуваа за мирот и за тоа како светот треба да изгледа, но што сега? Никој не се огласува, дури ни тие силни „селебрити“ по светот, кои секогаш зборувале за мирот. Како може тоа да го прават? Како може немо да гледаме како се убиваат луѓе во Авганистан? Како е можно само да се молчи и да се набљудува такво нешто, да се гледаат толку многу деца и нивните родители како умираат, ги напуштаат своите домови и се навистина уплашени? Тие не сакаат ништо премногу, само да живеат во мир, да живеат обиечн живот, да можат да излезат надвор без да помислат „добро, сега одам надвор, дали ќе се вратам или ќе умрам“. Ситуацијата е таква што луѓето се плашат да излезат од домовите, тие се во некој вид на куќен притвор, зашто се плашат од талибанците, бидејќи имаа страшни искуства со нив. Како може некој тоа да го гледа и ништо да не кажува? Тоа ми го кине срцето. Луѓето зборуваат за мир, за меѓусебна поддршка, хуманост, а во практика никој никому не помога.

-Дали светот разбира што се случува во Авганистан?

Мислам дека не сакаат да разберат. Ако си човечко суштество, тогаш можеш да разбереш дека луѓето умираат, дека жените веќе нема да смеат да работат и образуваат. Цел свет може тоа да го разбере, но не знам зошто молчи. Тоа е навистина тажно. Сите сме човечки суштества, без разлика. Која е разликата меѓу децата родени во Франција и децата роени во Авганистан? Тоа е нивната судбина, не би требало да бидат убиени заради тоа. Тие заслужуваат подобар живот, заслужуваат да се образуваат, да бидат слободни. Малите нешта се сега сон за овие луѓе, како да се пие кафе во кафуле, излегување со пријатели, одее во училиште. Како е можно ова нешто да се гледа и ништо да не се прави? Мислам дека сите значајни луѓе во светот би требало нешто да преземат, не само да зборуваат за хуманоста, затоа што би било смешно само да се зборува после вакво нешто.

-Постои ли, според Вас, надеж за Вашата земја?

Верувам дека постои, луѓето ќе го кренат гласот и ќе се побунат. Постои чове, Ахмад Масуд, кој сака да се бори против талибанците, лушето му се придружувааат. Мислам дека ќе се кренат против талибанците, но тоа значи повторна војна во Авганистан, повторно истата ситуација како и изминатите четириесет години. Мислам дека е единствената надеж никој, ниту една влада, нитуе еден човек да ги признае талибанците официјално, бидејќи така ќе го поддржат тероризмот.

-Имате ли информации, може ли да се напушти Авганистан? Затворени ли се сите граници?

Некои од луѓето што ги познавам успеаја да се качат на авионите за евакуација и да ја напуштат земјата. Но имаше и такви кои не можеа, кои се кријат о домовите, а талибанците ги бараат. Нема доволно авиони за сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан. Тоа всушност и сакам да го кажам, молба до сите влади во светот да не ги признаваат талибанците. Има толку многу луѓе, меѓу кои и деца кои сакаат да ја напуштат земјата. Сакаат да живеат, да се образуваат, тоа се паметни луѓе, само дајте им шанса да живеат. Зошто би требало да бидат убивани, повторно и повторно…

Авганистан Талибанци Фереште Хосеини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.