Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даштевски: Употребата на терминали за отпечаток на прсти влева поголема сигурност на изборите

0
By НОВА ТВ on August 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 29, 2021 18:13

Терминали за отпечаток на прст се користат во 50 држави, пред се од третиот свет. Земјава е дел од НАТО, се стреми кон ЕУ и не може да си дозволи експерименти, како гласање за неколку секунди, како на претходни избори, вели претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

-Во светот има 50 држави каде што се користат вакви машини, меѓутоа секако тоа се држави каде што треба да има. Имавме најсвеж пример од референдумот каде утврдените резултати ни укажуваат дека имало гласање за 7, за 9 секунди итн., значи сите тие недостатоци ќе се отстранат и сметам дека ќе имаме подобар фидбек, подобар осврт на работите како навистина стојат. Тоа би требало да биде така бидејќи ние нели се стремиме кон НАТО и ЕУ, не треба да си дозволиме такви експерименти да правиме, да гласаме за неколку секунди. Од друга страна тоа влева поголема сигурност на изборите доколку реално се почитуваат тие гласања, а ако не се почитуваат вметнато е во законот дека на тие места каде што не се почитува законот гласањето може да се поништи, вели Даштевски во интервју за Радио слободна Европа запрашан колку е чекор кон демократија да им се проверува отпечаток од прст на гласачите за време на изборите.

За тоа какви мерки се преземени за заштита на личните податоци коишто ДИК ги добива од МВР за употреба на овие апарати за проверка на отпечаток, по искуството со хакерскиот напад на минатите избори, Даштевски посочува дека за овие податоци се преземени специјални мерки.

– Што се однесува до овие апарати, тие ќе бидат офлајн, нема да работат на интернет, така што нема да може да бидат напаѓани. И серверот со кој ќе се полнат и празнат ќе биде офлајн, нема да биде вклучен на интернет, бидејќи податоците се кај нас, ќе се преземат на тој сервер и ќе бидат криптирани, вели Датшевски и додава дека за безбедноста на податоците ќе се грижи цел тим од ИТ инженери, а посебен  тим ќе се грижи само за апаратите за отпечатоци на прсти.

Александар Даштевски Дик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.