Западен Балкан не смее повторно да биде буре барут. Ние се грижиме за сигурноста во регионот, вели Дендијас. Тој повтори дека соработката е одлична и во областа на економијата, а ја спомена и заштитата на византиските споменици.
На наше задоволство односите со Грција се продлабочуваат, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска е домаќин на неговиот грчки колега Никос Дендијас.
Османи додаде дека особено има подобрување на економско поле, а трговската размена континуирано расте.
– Се работи и на инфраструктурата, во железничкиот сообраќај, каде имаме голем напредок, кажа Османи. Тој оцени дека интензивно се спроведува и Преспанскиот договор и дополнително се наметнува интензивна динамика на негово доисполнување.
– Прашањата што ги покренавме во однос на ратификација на одредени договори и меморандуми во грчкиот Парламент ги отворив и јас на средбата и прашањето на сообраќајните знаци во Грција и разговаравме по однос на техничките причини за неисполнување на тие прашања во грчкиот Парламент и договоривме начин како тоа ќе се направи во наредниот период. Во однос на таблите објаснувањето е дека локалните власти се тие што не покажуваат ентузијазам, меѓутоа и по однос на тоа прашање разговаравме пошироко и мслам дека во наредниот период ќе има решение и за тоа, посочи Османи.
Министерот рече дека грчката страна ги исполнила најважните нивни обврски во однос на Преспанскиот договор, а тоа е поддршката за членство на земјава во НАТО и подрршката за почеток на преговорите за ЕУ.
– Тоа беа двете суштински обврски за Грција по однос на Преспанскиот договор. Прашањата на меморандумите се прашања на секторската соработка, прашања на постигнување на стрататешкото партнерство, тоа е жива материја, има многу договори што треба да се потпишуваат, на пример кај нас Договоорот за двојно оданочување, рече Османи.
Од друга страна грчкиот министер Дендијас потенцира дека во официјална посета на Атина ќе замине претседателот Стево Пендаровски и додаде дека Грција може да и биде главен пријател на Северна Македонија.
-Направени се многу скорешни чекори од кои еден е тргањето на таблата пред зградата во која се наоѓаме, поставена во други времиња и го претставуваше кралот Филип, таткото на Александар Велики, бидејќи договорени сме заедно дека тогаш вашите претци се уште не биле пристигнати на Балканскиот Полуостров и немале можност да војуваат под водство на Александар Велики во длабочината на Азија, променето е и името на Археолошкиот музеј и промената на таблите на граничките премини, рече Дендиас додавајќи дека имплементацијата на договорот не е бирократска работа туку треба да се имплементира секоја буква и за тоа, како што рече, има временска рамка.
Нашите можности и нашата иднина се одлични, рече Дендиас, додавајќи оти Грција е уверена дека земјава направила избор да биде до неа и цврсто да оди по патот кон големото европско семејство. Таму, нагласи тој, Грција во континуитет од 2003 година се труди да влезат земјите од Западен Балкан, кој, како што потенцира, никогаш повеќе не смее да стане буре барут во Европа.
-Одлучивте да се насочите по најдобриот пат, зоната на првото, заштита на човековите права, слобода на вероисповед грааните, избравте да бидете дел од европското семејство. Овој ваш избор да е во најдобар интерес на вашиот народ и веруваме дека наскоро ќе успеете во обидот да бидете дел од Унијата кога ќе бидат исполнети условите, порача Дендиас.
– Ги прифативте вакцините кои Ви ги понудивме, околу 20 илјади. Но не само за тоа, ви стоиме на располагање за било што, порача грчкиот министер за надворешни работи