НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имаме голем потенцијал за трансформација кон зелената економија, ако има финансиска поддршка

0
By Ivana on August 31, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со цел  унапредување на капацитетите на општините и граѓанските организации за во иднина да имплементираат проекти за развој на зеленото претприемништво и зелената економија, Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ во последните три години го спроведе проектот „GEAR – Зелена економија за развој на регионот“.

Според извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ-Лешоска, во рамки на проектот соработувале со општините, додека пак општина Центар била соработник на проектот.

– Голем број на организации не само што беа вклучени во активностите туку беа и подгрантисти, тоа значи дека тие добија можност да имплементираат проекти во делот Зелената економија во С. Македонија. Истото се случуваше во останатите земји на Балканот. Ние имавме многу поинтензивна соработка со Албанија, бидејќи патувањата беа пократки па така организиравме обуки во Албанија и Македонија за учесниците на двете држави, појаснува таа.

Според неа сега е предизвик за институциите да влезат во текот на Зелениот договор кој треба да се спроведе до 2030 година.

– Среќни сме дека гледаме и дека кај нас има интерес од страна на владите инстититуци да имплементираат зелени проекти затоа следните чекори ќе бидат продлабочување на тие врски со институциите. Знаеме дека кога граѓански сектор работи заедно со институциите резултатите се подобри за општеството. Во ред е да сме коректив на власта и да критикуваме но исто така е важно да работиме заедно на заедничката визија, додава Чоловиќ-Лешоска.

Според неа, во Македонија има голем потенцијал за трансформација кон зелената економија, декарбонизацијата и елиминирањето на фосилните горива дава еден многу убав патоказ за тоа како ние би се развивале во регионот со алтернативниот туризам, храната која ја произведуваме, значи сите тие алтернативни гранки кои во Македонија буквално можат да процветат за многу кратко време ако има финансиска поддршка во тој правец,

Изминатата година организирале се серија настани и работилници на тема ЕУ зелен договор и зелена агенда, иницирано е прашањето за “Greenwashing“ и како да се препознае истото како и организирани се обуки за подобра соработка помеѓу граѓанскиот сектор и јавниот сектор. Во рамки на проектот се изготвени и голем број информативни и промотивни материјали како торби, шишиња, усб картички, маички и серија на публикации и студии на тема зелена економија.

Проектот беше во партнерство со организации од Црна Гора, Босна, Албанија, Србија и со подршка на Хрватските организаци, а финансиран од Европската Унија.

 

Еко-Свест зелена економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.