НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ на сите ученици, наставници и училиштен кадар им посакува безбедна и успешна училишна година

0
By Ivana on September 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците и учениците, порача претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани

Ди Џовани вели дека првиот училиштен ден за учениците од Северна Македонија е од голема важност бидејќи за голем дел од нив тоа претставува можност првпат по 54 седмици поминати пред дигиталните екрани да се вратат во училиштата. Според податоците тоа е долг период од просекот на другите земји во Европа и Централна Азија, што изнесува 25 седмици.

– Токму затоа повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство е клучен чекор напред кон обезбедување дека секое дете има пристап до квалитетно образование коешто ќе му помогне да ги изгради и унапреди вештините коишто ќе му бидат потребни во животот, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ истакнаа дека и во време на пандемија земјата успешно се справи и со други модели на настава. И покрај неизвесноста што постоеше на почетокот на пандемијата, префрлањето кон онлајн настава претставуваше неопходна мерка. Но, онлајн наставата не може да биде долгорочно решение и замена за наставата со физичко присуство.

– Улогата што ја имаа наставниците во тоа време беше одраз на голем ентузијазам, истрајност, креативност, како и на квалитетот и професионалноста што ги поседуваат наставниците во оваа земја, додава ди Џовани.

Претставничката на УНИЦЕФ вели дека наставата со физичко присуство им овозможува на наставниците да им помогнат на учениците кога тие имаат тешкотии во учењето, кога имаат потреба од емоционална поддршка, или кога се соочуваат со други грижи и препреки коишто негативно влијаат на добросостојбата на децата.

УНИЦЕФ го посочи наставниот кадар како добар пример кога станува збор за Ковид-19, имајќи предвид дека седум од десет наставници се вакцинирани пред почетокот на училишната година

-На првиот ден на училиште, сакам да им посакам на сите ученици, наставници и училиштен кадар безбедна и успешна училишна година.  Децата и младите не можат да ризикуваат уште една година со прекини во наставата. Сега им е потребна нашата поддршка повеќе од било кога претходно, порачаа од УНИЦЕФ

УНИЦЕФ училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.