НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Насмевки сокриени под маските за првото училишно ѕвонче и во општините Кисела Вода и во Чаир

0
By НОВА ТВ Balaban on September 1, 2021 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овие тимови создадени на училиште остануваат до крај на животот. Научете што да очекувате од другите и да го давате својот максимум. Тоа е тајната на успехот, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Започна новата учебна година за сите ученици од основните училишта од општина Кисела Вода. Со физичко присуство, но и со запазување на пропишаните здравствени протоколи, 5.385 основци го одржаа првиот училиштен час. Меѓу нив и видно возбудени 648 првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи, информираа од општината.

Градоначалникот Филип Темелковски, кој посети дел од  училиштата на првиот ден од новата учебна година, им посака успешна учебна година и во радост и во среќа да ги минуваат училишните денови, потенцирајќи дека освен стекнатото образование еднакво важни се и спомените и другарството од училишните клупи и дека тие се вредност што останува за цел живот.

– Ги поздравуваме и им посакуваме успех и среќа и безгрижни денови на училиште на сите ученици и нивните семејства. За наставниците знаеме дека ќе бидат на висина на задачата и ќе создадат уште една генерација успешни младинци со кои ќе се гордееме. Почитувајте се, помагајте си, внимавајте еден на друг. Понекогаш полесно се учи во група и во тим. Овие тимови создадени на училиште остануваат до крај на животот. Научете што да очекувате од другите и да го давате својот максимум. Тоа е тајната на успехот, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Во Чаир насмевки и од 919 првачиња 

Нема ништо подобро отколку да се слушне гласот и да се види насмевката на лицата на децата. Денес, кога учебната 2021/2022 година започна со физичко присуство за сите ученици од основните и средните училишта, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, беше меѓу децата на општинското основно училиште „Тефејуз“, соопштија од општината.

За првпат 919 деца седнаа на училишните клупи во училиштата на Општина Чаир. Градоначалникот Ганиу со директорот на „Тефејуз“, Салајдин Зекир и со поранешниот наставник по физичко образование, Али Садетин-Сетко, денеска учествуваа во приемот на учениците од првото одделение во ова училиште и заедно го слушнаа првото ѕвонче. Целиот процес започна според протоколите предвидени од релевантните министерства и здравствените власти.


И сите други училишта во Општина Чаир успешно ја започнаа новата учебна година, како резултат на бројните подготовки што беа направени во текот на изминатиот период, со цел децата да бидат што е можно посигурни во училишните клупи, а притоа да се спречи ширењето на вирусот ковид-19.

– На сите ученици кои седнаа за првпат денес во училишните клупи и на оние што се вратија во училиштата по долга пауза поради пандемијата, им посакувам многу успех, бидејќи само светлината на знаењето е она што може да нѐ води напред, изјави Ганиу.

Тој упати порака заеднички да ги почитуваме преземените мерки за да спречиме ширење на пандемијата, бидејќи само на овој начин училиштата ќе останат со отворени врати без прекин.

 

 

 

Висар Ганиу општина Кисела Вода општина Чаир учебната 2021/2022 година Филип Темелковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.