Моментално во земјава има повеќе од 14.000 активни сличаи на Ковид – 19.
Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 906 случаи на Ковид – 19 од направени 6.006 тестирања на вирусот, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје кој ја објави ковид статистиката за текот на вчерашниот ден. Најмногу нови случаи има во Скопје 423, па во Тетово 68 новозаразени, во Куманово 60, а во Гостивар 51 случај.
Во извештајот се наведени 26 починати пациенти кои биле заразени од Ковид – 19, додека 343 пациенти оздравеле.
Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 177.399 случаи на Ковид – 19. Како последица од вирусот починаа 5964 пациенти, додека 156.650 оздравеа. Моментално во земјава има 14.785 активни случаи.