НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Пописот ќе ни овозможи реална слика за потребата од отворање на нови Дневни центри за лица со попреченост

0
By Ivana on September 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да можеме како Министерство за труд и социјална политика, за да може локалната самоуправа како партнер, за да можат и невладините организации да бидат вклучени во имплементација на социјалните услуги во заедницата, нас ни се неопходни вистинските бројки, изјави Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, при посетата на Дневните центри за лица со попреченост и за деца со аутизам, во скопската населба Топанско Поле.

– Пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5ти септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат потреба од Дневни центри, каде се наоѓаат територијално во државата, колкава е нивната возраст, колку лиценцирани даватели на вакви услуги имаме и колку финансиски средства е потребно да се проектираат во нашиот Буџет, за испорачување на овие услуги во заедницата, рече министерката Шахпаска.

Во Дневниот центар за деца со аутизам, каде услигите ги дава невладиното здружение „Имаго плус“ се вршат индивидуални и групни третмани за околу 108 деца на возраст од 20 месеци до 14 години.

Центарот за деца со аутизам е резултат на успешната соработката помеѓу граѓанскиот сектор и Министерството за труд и социјална политика. Тука децата со аутизам ги добиваат најсоодветните третмани со кои се подобрува нивната здравствена состојба.

Во Дневниот центар вработени се логопеди, психолози, дефектолози и социјални работници. Тие освен за деца со аутизам се грижат и за деца со даунов синдром, церебрална парализа и ментална попреченост. Покрај психосоцијалните третмани и поддршката за децата, тимот обезбедува и советодавна помош за нивните родители.

Нивното успешно работење е евидентно. Секоја година околу 20 деца со дислексија или дисграфија по  третман од 12 месеци се  подготвени лесно да се вклучат во градинките или училиштата.

Шахпаска нагласи дека крајната цел на социјалната реформа е инклузивно општество што ќе значи промена од традиционалниот пасивен во активен пристап на испораката на социјалната заштита.

аутизам буџет шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.