НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на активни случаи со Ковид надмина 15 илјади, надлежните со апел за вакцинација

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава над 180 илјади лица се заразиле со Ковид-19 од почетокот на епидемијата, а бројот на активни случаи надмина 15 илјади.

Повторно голем број на починати лица беа регистрирани во текот на вчерашниот ден – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирањe, вчера беа регистрирани 459 нови случаи, а оздравеа 368 пациенти.

Во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово има најмногу активни случаи на Ковид-19, а со најмалку активни случаи се Демир Капија, Дојран и Пехчево.

Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани. Во болниците најголем дел од пациентите се исто така оние кои не примиле вакцина против вирусот. Според надлежните единствен спас за излез од пандемијата е луѓето да се вакцинираат.

Според испитувањата кои ги има направено компанијата „Фајзер“, која е еден од производителите на вакцина за Ковид-19, најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите се уште не се официјализирани.

Вакцината, како што изјави завчера министерот за здравство Венко Филипче, сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. Тоа, смета тој, треба да е мотивација за граѓаните.

– Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени со невакцинирани пациенти, рече завчера министерот Филипче.

Веројатно, според него, ќе има нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, како што додава, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. Тоа, вели Филипче, е начин ние да ги вратиме животите во нормала.

–  Овој тип на вирус има тенденција да мутира во различни делови. Се уште е рано да се кажат карактеристиките на овој најнов сој на вирусот. Ги чекаме научните сознанија. Она што досега се знае за досегашните соеви на вируси е дека важат истите принципи вакцинацијата и општите превентивни мерки, рече Филипче.

Во моментов има доволно вакцини во земјава – околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „Астра Зенека“, 110 илјади „Фајзер“ и 100 илјади дози од „Синовак“. Има и континуирана количина што доаѓа од 30 до 40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата „Фајзер“.

Околу девет проценти од смртните случаи, како што информира Филипче, се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти кои имаат тешка состојба, сериозни коморбидитети и иако се лекувани по сите стандарди за жал не може да се помогне.

Околу смртноста на млади лица, Филипче рече дека тоа е нешто на што посебно обрнуваат внимание, но, како што вели, за жал, се невакцинирани лица.

Додаде дека засега нема потреба да се активираат дополнителни одделенија на интерните клиники, иако се спремни.

вакцинација Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.