НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До четврток на полноќ граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Учесниците на изборите ги објавуваат и последните кандидати што ќе ги претставуваат, а веќе подолго време се одвива неофицијална кампања со средби со граѓани и на социјалните мрежи.

Во Избирачкиот список до саботата се провериле вкупно 12128 лица, соопшти Државната изборна комисија. Дотогаш се поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 42 барања.

Граѓаните може да ги проверат своите податоци во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку нивната веб-страна.

Избирачкиот список потоа се доставува до политичките партии, а во него треба да бидат внесени и податоци од МВР за лица кои имаат барања за нови лични карти, од Управата за санкции и од МТСП за лицата во старските домови. Избирачкиот список се заклучува најдоцна до 24 септември, а треба да биде потпишан најдоцна на 1 октомври.

Своите кандидатури партиите и независните кандидати треба да ги достават до општинските изборни комисии до 11 септември на полноќ.

Изборната кампања за првиот круг од локалните избори започнува на 27 септември и ќе трае до 15 окотомври на полноќ.

На овие избори првпат во земјата ќе се користат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 пристигнаа во земјава, а ДИК треба да започне со обука за нивно користење. Компанијата „Дермалог“ сите терминали треба да ги достави во земјата до 1 октомври.

Дик Избирачки список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.