НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на конференцијата за економско заздравување по ковид-19: Кризата и официјално одминува и економијата заздравува, раст од 13,1 отсто на БДП

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По една година, според денешните официјални статистички податоци, можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe. Во вториот квартал од годинава регистриран е позитивен раст на бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент, рече Заев 

Учиме од минатото, дејствуваме во сегашноста, се подготвуваме за иднината, порачаа премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими во  воведните обраќања со кои и официјално ја отворија Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД 19“ која почна денеска во Скопје, во рамки на Економскиот и финансиски форум.

Заев и Бесими истакнаа дека националната економија е стабилна. Очекуваат раст од 4,1 отсто за оваа година и просечен годишен раст од 5,4 проценти во следните пет години.

Премиерот и министерот потенцираа дека е подготвен План за финансиско заздравување и забрзување на растот како комплементарен документ на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027. Владата, рекоа, останува посветена на подигнување на стандардот и условите за живот во земјава, а заложбите за креирање предвидлив деловен амбиент преку воспоставување механизми за владеење на правото, стабилни економски политики и создавање поволни услови за инвестирање се веќе потврдени.

– Пандемијата не научи дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите, да се адаптираат на новата реалност и да се дизајнираат политики фокусирани на градење на еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите. Она што следи, е подобрување на инвестициската и бизнис клима, отпорност на шоковите, осврт кон зелените инвестиции и дигитализацијата, зајакнување на здравствениот и едукативниот систем како основа за човечкиот капитал, зајакнување на националните институционални капацитети и истовремено одржување на фискална консолидација, нагласи Заев.

Како во сите држави во светот, така и економијата во земјава, подвлече Заев, беше погодена од пандемијата, а Владата цело време со сет  мерки и проактивно се соочуваше одлучно со предизвиците кои ги донесе КОВИД.

Тој уште еднаш укажа на потребата од зајакнување на регионалната соработка, но и на потребата од подобрување на конкурентната способност на македонската економија. Се осврна на членството во НАТО и нашата јасна определба да бидеме дел од европското земејство.

По една година, според денешните официјални статистички податоци, можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe. Во вториот квартал од годинава, согласно статистика, регистриран е позитивен раст на бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. За годинава проектираме раст од 4,1 отсто, со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 отсто, рече Заев.

Владата, додаде, креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните, така и за странските инвеститори.

– Националната економија е стабилна и ќе расте. Горд сум што Северна Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО, што значи сигурност и безбедност за нашата земја, како и за сегашните и идните инвеститори. Нашата земја, ги исполни и сите услови за почеток на преговорите по поглавја за членство во ЕУ што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромното мнозинство на земјите членки. Новите инвестиции и резултатите се потврда за економската активност во технолошко-индустриските развојни зони која е во постојан раст. Бројот на работни места во ТИРЗ е зголемен за осум отсто за една година, споредено јули 2021 во однос на истиот месец 2020 година, истакна премиерот.

Извозот 1,7 милијарди во првите седум месеци

Според него, извозот во првите седум месеци од годинава во зоните достигна 1,7 милијарди што е за 56 отсто повеќе во однос на истиот период лани, односно над девет проценти во однос на 2019 и речиси 30 отсто повеќе од 2018 година. Стапката на вработеност, пак, од крајот на 2020 година наваму повторно почнува да расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5 отсто во последните три квартали.  Невработеноста е на ниво од 15,9 проценти што е историски најниско ниво во поновата македонска историја, истата е намалена за 4,8 отсто споредено со истиот период лани. Дополнително, согласно официјалните статистички податоци, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари.

-Со масовната имунизација и со закрепнување на  глобалната економија очекуваме дополнително зајакнување на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, напомена премиерот.

Тој се осврна и на потребата од структурни промени низ „паметна специјализација“, подобрени вештини преку подобро образование, истражување и иновации, како и креирање нови индустриски вредносни вериги. Паралелно со овие активности е и промоцијата на „зелен развој“ и транзиција. Тоа се, рече, големите задачи што не очекуваат во наредниот среднорочен и долгорочен период.

Во однос на определбата за европеизација, Заев апострофира дека земјава е одлучна на тој пат и покрај сите околности и пречки, објективни и субјективни.

-Република Северна Македонија е одлучна и единствена во процесот за пристапување кон ЕУ бара многу солидни подготовки за учество на единствениот пазар на ЕУ. Имајќи го тоа  предвид, Република Северна Македонија има поставено конкретни активности во областите на таканаречените четири слободи на ЕУ, на кои се додадени дигитален, инвестициски, иновациски и индустриски столб, истакна Заев.

Бесими: Во минатата година најголем пад на БДП во последните три децении

Министерот Бесими истакна дека минатата година се соочивме со најголем пад на БДП во последните три децении.

– Евидентиравме пад на БДП од 4,5 отсто во 2020 година и според нашите проценки, со фискален стимул од околу 11 проценти успеавме да го ублажиме за околу 4,2 процентни поена, инаку економскиот пад би бил -8,7 отсто. Беа разгледани мерки за здравствениот сектор, ранливите граѓани, заштитата на работните места и помагањето на бизнисите да ја преживеат кризата, рече Бесими.

Се дејствуваше, напомена министерот, на двете страни – и на страната на побарувачката и на страната на понудата на економијата.

-Во 2021 година продолживме со два дополнителни пакета со повеќе насочени мерки и додавање развојна компонента, вклучувајќи ги компаниите кои работат добро и го зголемуваат бројот на вработени и инвестираат. Нашиот одговор беше „Што и да е потребно“ политика за борба против КОВИД, заштита на животите на луѓето и спасување на економијата. Ова дојде со голема сметка во однос на буџетско салдо и јавниот долг.

Според Бесими, фокусот е ставен на фискална консолидација на среден рок преку намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и нивно доведување во рамките на фискалните правила од три и 60 птоценти како дел од БДП.

-Согласно оваа амбиција, проектираме раст од 4,1 отсто за оваа година и просечен годишен раст од 5,4 проценти во следните пет години. Исто така, за да се осигураме дека ова нема да остане само желба, подготвивме план за финансиско заздравување и забрзување на растот. Планот има за цел да го финансира заздравувањето на економијата погодена од КОВИД-19 и да го поддржи забрзаниот и одржлив раст, додека ја одржува фискалната стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор, дополнување на средствата од буџетот и позајмиците, рече Бесими.

Тој подвлече и дека е многу важно земјава да се насочи не само кон политиките што ќе дадат силен поттик за закрепнување и забрзување на растот, туку и на отпорноста во контекст на новите предизвици.

За економското заздравување и растот по КОВИД-кризата на Првата годишна конференција што ја организира Министерството за финансии, ќе се споделат искуства и ќе се разменат идеи за глобалните и регионалните перспективи за постпандемиското економско закрепнување. На панелите денеска и утре ќе дебатираат претставници на меѓународни финансиски институции, на ЕУ, на бизнис секторот, како и на извршната и локалната власт од земјава и регионот. Презентирани ќе бидат видувања за тоа како можат политиките најдобро да го поддржат растот, кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува, кои фискални и монетарни мерки му помогнаа на бизнисот и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.

 

 

„Економско заздравување и раст по КОВИД 19“ Зоран Заев Првата годишна конференција Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.