НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими-Павлова: Продолжува поддршката на Европската инвестициона банка за енергетиката и зелената економија

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја продолжува поддршката на земјата и регионот, а подготвеност за инвестиции во нови проекти беше изразена денеска на средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и потпретседателот на ЕИБ Лилјана Павлова, пред почетокот на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“.

На средбата, информираат од Министерството за финансии, е изразено задоволство од напредокот постигнат во изминатиот период во однос на реализацијата на кредитната линија за малите и средните претпријатија и се очекува до крајот на овој месец да бидат доставени барањата за исплата на првата транша од последната кредитна линија од 100 милиони евра, за што годинава беше потпишан договор. Со договорот се очекува да се обезбеди финансиска поддршка за најмалку 300 проекти на малите и средините претпријатија, а е во насока на поддршка на економско закрепнување на малите и средни претпријатија во земјава.

Министерот Бесими изрази благодарност за поддршката што ја даде ЕИБ во процесот на пристапување во ЕУ и изрази верување дека успешната соработка ќе продолжи и во наредниот период.

На средбата беше посочено дека постои подготвеност ЕИБ да ја прошири својата поддршка за енергетската ефикасност, одржливата мобилност и дигиталните проекти на Западен Балкан и Северна Македонија, во согласност со Економскиот и инвестициски план на ЕУ, како и областа на справување со пожарите.

-Ни претставува задоволство што постигнавме договор околу нашите заеднички приоритети за Република Северна Македонија, а тоа се поддршка за економско заздравување, модел на позелена, инклузивна и поодржлива економија. Исто така, подготвени сме да обезбедиме финансиска поддршка и технички совети за воспоставување финансиски инструменти во земјата во корист на приватниот сектор, истакна на средбата потпретседателот на ЕИБ за Западен Балкан, Лилјана Павлова.

Изразена беше поддршка и на напорите на Владата во користењето на зелениот одржлив економски модел во реализација на приоритетните проекти кои се дел од Економскиот инвестициски план, усвоен од ЕК во 2020 година, а кој обезбедува долгорочно закрепнување и развој на регионот, како што е поддршка во реализацијата на третата фаза од железничкиот коридор 8 кон Бугарија, изградбата на пречистителната станица во Скопје, гасно поврзување

со Република Грција, за кои проекти во најава е обезбедување и на грант финансирање од ВБИФ инструментот на Европската Унија.

Во земјава досега од страна на ЕИБ се инвестирани над една милијарда евра. Поддржани се повеќе големи инфраструктурни проекти во патната и железничката инфрастрктура, водоснабдувањето, енергетиката, отпадни води, а не изостанува и поддршката на малите и средните претпријатија со средствата што се пласираат преку Развојната банка.

Бесими ЕИБ Павлова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.