Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Се утврдува вината за сообраќајната незгода во која е вклучен Зоран Милески

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 13:45

Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква било поврзаност со нешто сомнително, за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за време на денешната посета на реконструираниот објект на СВР Куманово, одговарајќи на новинарски прашања до каде е истрагата за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец и дали има вклучено српски државјани, рече дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста.

– Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност. Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква било поврзаност со нешто сомнително, за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот.

Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто на презентацијата на реконструираниот објект на СВР Куманово не присуствува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека ниту еден од кандидатите за градоначалници не е поканет на настанот.

– Сепак, веќе започнува предизборната кампања и како што гледате, ниту еден од кандидатите за градоначалници кои се споменуваат не се тука. Би било неблагодарно да доаѓаат на објект за кој што немаат ништо вложено и да биде присутен само еден од кандидатите, така што не сакам да го политизираме овој дел, изјави Спасовски.

Милевски – Кичеец излегол од затворот со медицинска документација, велат Заев и Маричиќ 

Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ претходно денеска изјавија дека Зоран Милевски – Кичеец, кој е осуден на казна затвор и учествуваше во сообраќајна несреќа, излегол од затворот со медицинска документација.

Маричиќ најави дека Управата за санкции денеска до медиумите ќе испрати официјално соопштение во врска со затворското отсуство на Милевски.

– Нормално, разговарав со директорот за санкции Маријан Спасовски и ми ги кажа сите детали и верувам дека и тие ќе објават детали коишто се соопштени, се официјални. Секој издржувач на казна затвор после издржувањето на казната има соодветни права. Овде се работи за комплетирана медицинска документација од здравствени причини која му следува секако на секое лице кое што издржува казни за да може да ги користи посебно со овие аргументации коишто се со соодветни потписи на соодветни лекари, рече Заев.

Не знае, додаде, зошто Милевски патувал кон Скопје и зошто со тие луѓе.

– Треба да прашате, затоа што ако е здравствена документација може да се оди до болница, може да се оди во главниот град со какви било причини, но дефинитивно тоа е согласно закон, тоа е право кое што му следува на секој издржувач на казна, рече Заев.

Министерот за правда, Маричиќ, рече дека исто така како и премиерот, разговарал со директорот на Управата за санкции и побарал да состават официјална информација која што ќе ја достават до медиумите.

– Она што ми го кажа директорот на Управата е дека тоа што го објавиле во име на Управата со соопштение е точната верзија. Мислам дека се работи за моментална некоординација или разлика во датумите, меѓутоа суштината е дека врз база на медицинска документација добил затвореникот 30-дневен прекин на издржување на казната со цел да ги заврши тие медицински работи и потоа да се врати на издржување, рече Маричиќ.

Кажа дека од Управата за санкции денеска треба да објават повеќе детали, и дека за викендот дадоа првична информација.

– Ние замоливме да направат детална информација во која што ќе ги известат медиумите и ќе ја расчистат оваа дилема што излезе во јавноста. Меѓутоа, ова не е ниту прв, ниту последен затвореник којшто ги користел овие погодности врз база на оправдана медицинска документација и согласно законот претходно одобрение и на директорот на затворот каде што ја издржува казната и на директорот на Управата за санкции коишто се надлежни и даваат вакви допусти за прекин на издржување на казната, рече министерот за правда промоцијата на поштенска марка за 30 – годишнината од независноста на Македонија.

затворот Зоран Милески-Кичеец медицинска документација Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.