НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раст на БДП во вториот квартал, имунизацијата шанса за побрзо економско закрепнување

0
By НОВА ТВ on September 7, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската економија во вториот квартал забележа раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 13,1 процент. Ова, според надлежните, е потврда дека економската криза предизвикана од Ковид-19 одминува и економијата заздравува. Најавуваат План за заздравување и финансирање на забрзан раст, кој е комплементарен со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

Меѓународните финансиски институции повикуваат на масовна имунизација како единствена можност за економско закрепнување. Препорачуваат да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции.

На Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“ што вчера и денеска се одржува во Скопје, учесниците од земјава и странство порачаа дека треба да се учиме од минатото, да дејствуваме во сегашноста и да се подготвуваме за иднината.

– Пандемијата не научи дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите, да се адаптираат на новата реалност и да се дизајнираат политики фокусирани на градење на еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите. Она што следи, е подобрување на инвестициската и бизнис клима, отпорност на шоковите, осврт кон зелените инвестиции и дигитализацијата, зајакнување на здравствениот и едукативниот систем како основа за човечкиот капитал, зајакнување на националните институционални капацитети и истовремено одржување на фискална консолидација, нагласи премиерот Заев на отворањето на конференцијата.

Растот на БДП во вториот квартал, според него, е потврда дека економијата е стабилна и ќе расте.

– Официјално е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава е регистриран позотивен раст на Бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото пологодие од оваа година постогнавме раст на БДП од 5,6 проценти, рече Заев.

Мерките за поддршка на населението и бизнис секторот, според Владата, ги дале очекуваните резултати. Сочувани се работни места, задржана е ликвидноста на компаниите, а падот на БДП минатата година би бил поголем и би изнесувал -8,7 проценти доколку не биле преземени овие мерки.

Се дејствуваше, напомена вчера на конференцијата министерот за финансии Фатмир Бесими, на двете страни – и на страната на побарувачката и на страната на понудата на економијата.

-Во 2021 година продолживме со два дополнителни пакета со повеќе насочени мерки и додавање развојна компонента, вклучувајќи ги компаниите кои работат добро и го зголемуваат бројот на вработени и инвестираат. Нашиот одговор беше „Што и да е потребно“ политика за борба против КОВИД, заштита на животите на луѓето и спасување на економијата. Ова дојде со голема сметка во однос на буџетско салдо и јавниот долг, рече Бесими.

Меѓународниот фактор е задоволен од преземените мерки за време на пандемијата. Македонската економија, велат, покажа дека може да се адаптира и да успее. Сепак, препорачуваат на масовна имунизација како шанса за побрзо економско закрепнување и враќање во нормала.

-Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на падемијата кога немаше набавки. Текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произведуваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму, изјави американската амбасадорка Кејт Брнз на конференцијата.

Еден од клучните предизвици за побрзо економско закрепнување е вакцинацијата, смета заменик-претседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде која вчера на првиот панел на конференцијата предупреди дека забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.

– Со вакцинацијата ќе се спасат животи, но тоа е и единствена можност за економско закрепнување, рече Бјерде.

Во следниот период, според неа, фокус треба да се стави на зелената економија и на социјалните нееднаквости.

Подготвеност за финансиска поддршка за проекти од енергетската ефикасност е изразена и од страна на Европската инвестициска банка. На вчерашната средба во Скопје меѓу потпретседателката на ЕИБ за Западен Балкан, Лилјана Павлова и министерот за финансии Фатмир Бесими е посочено дека постои подготвеност од страна на ЕИБ за енергетската ефикасност, одржливата мобилност и дигиталните проекти на Западен Балкан и Северна Македонија, во согласност со Економскиот и инвестициски план на ЕУ, како и во областа на справување со пожарите.

-Ни претставува задоволство што постигнавме договор околу нашите заеднички приоритети за Република Северна Македонија, а тоа се поддршка за економско заздравување, модел на позелена, инклузивна и поодржлива економија. Исто така, подготвени сме да обезбедиме финансиска поддршка и технички совети за воспоставување финансиски инструменти во земјата во корист на приватниот сектор, истакна Павлова.

БДП Бесими Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.