НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слободан Богоески: 8 Септември

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова ТВ по повод Денот на независноста ви презентира погледи, ставови, доживувања, мемоари на претставници од јавниот и политичкиот живот за значењето и улогата на референдумот и процесот на осамостојувањето на Република Македонија

Пишува: Слободан Богоески

Референдумот за независна и самостојна Република Македонија од 8 септември 1991 година беше израз на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и своја независна држава. За првпат, по повеќе од два милениума, Македонците сами одлучуваа за својата судбина – дали сакаат да живеат во самостојна држава и самите да одлучуваат за својата иднина или да останат во рамките на југословенската федерација која веќе се распаѓаше со почетокот на војната во Југославија, пишува за Нова ТВ, Слободан Богоески

Самиот чин ги испреплете историските реминисценции, стравот од војна и желбите да се биде „свој на своето“. По бројните востанија за своја слобода во минатото, особено оние од 19. век, Илинденското востание од 1903 година и народно- ослободителната борба од 1941-1945 година, Референдумот од 1991 година преставуваше континуитет на тие стремежи и среќна завршница на вековните борби за слобода и своја, самостојна држава.

Референдумот се одржа во екстремно тешки и сложени услови, како во Македонија, така и во Југославија, но и на меѓународен план. Веќе беа почнати и се разгоруваа војните во Југославија, ЈНА беше присутна во Македонија со зајакнати формации и вршеше силен притисок врз тогашното државно и политичко водство, барајќи Македонија да не ја напушта Југославија, макар и во скратена форма.

На внатрешен план, одделни политички партии застапени со пратеници во македонското Собрание, беа со јасна пројугословенска ориентација и се противеа на каков било обид за осамостојување на Македонија.

Некои од соседните држави, со загриженост ги следеа состојбите кај нас, плашејќи се од евентуален успешен референдум за самостојна Македонија. Сметаа дека со тоа би дошло до ревизија на постојните меѓународни договори од 1913година, 1918/19 година и договорот од Јалта, со кои беа определени границите на Балканот и зоните на интерес на големите сили.

Со нив, како што е познато, Македонија е распарчена меѓу соседните држави, а подоцна е извршен и еден од најмасовните геноциди врз Македонците во современата европска историја.

И покрај сите притисоци и застрашувања, одвнатре и однадвор, кај Македонците се разбуди колективната свест и потсвест за заветот што го имаме кон стотиците илјади жртви кои низ историјата животот го дале за Македонија и нивниот стремеж за слобода и сопствена, независна држава. Се чувствуваше силата на ослободената енергија и одлучноста дека сите, како едно, ја сакаме самостојноста и слободата.

Резултатот беше над 93 отсто излезност на гласањето и над 74 отсто гласаа за самостојна Македонија.

Никогаш потоа, вакво единство на македонскиот народ не се повтори.
Заради тоа што најголемиот товар во процесот на осамостојување на Македонија го изнесоа припадниците на Министерството за внатрешни работи – Јавната и државната безбедност и полицијата, а по повод 30 годишнината од референдумот, сакам да им изразам почит и благодарност за сѐ  што направија за успешниот Референдум, процесот на осамостојување на Македонија , зачувувањето на мирот, јавниот ред и безбедноста на нашата Татковина. На сите граѓани на Македонија им ја честитам 30годишнината од референдумот со порака да бидат храбри, горди и единствени како во 1991 година.

8 септември колумна Слободан Богоески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.