Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патувачкото кино на „МакеДокс“ посетило седум планински населени места

0
By Ана Василевска on September 7, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 7, 2021 14:53

Асан Алиу, поранешен кинооператер на некогашното кино во Виница,  уживал во проекцијата на документарни филмови, но се потсетил и на времето кога тој ги менувал филмските ленти на проекторот во киното што не работи веќе 15-ина години. 

Со проекциите на документарни филмови на 3 и 4 септември во Виница и Пекљани заврши годинашното Патувачко кино на „МакеДокс“, кое се одвиваше во викенд-формат во текот на јули, август и септември и посети седум населени места во Источниот плански регион на државата.

„Проекцијата во Виница се одржа на 3 септември пред Домот на културата „Тошо Арсов“. Градот Виница е најпознат по Виничкото кале, бројните археолошки локалитети и фантастичните ранохристијански теракотни икони. На културен план позната е манифестацијата „Ин Виница веритас“. Во тивкиот, мирен и питом амбиент на градот Патувачкото кино на „МакеДокс“ најде срдечен прием, а покрај многубројната млада публика меѓу посетителите на проекцијата беше и Асан Алиу, поранешен кинооператер на некогашното кино во Виница. Алиу уживаше во проекцијата на документарни филмови, но се потсети и на времето кога тој ги менувал филмските ленти на проекторот во киното што веќе 15-ина години не работи.“, информираат организаторите.

Асан Аслиу, поранешен кинооператер
Асан Аслиу, поранешен киноопаратер

Селото Пекљани каде што исто така се одржале проекции (Пеклани) се наоѓа на околу 12 километри југоисточно од Виница. Сместено на падините на Обозна Планина селото е постојано населено уште од времето на Османлиското владеење. Во селото има и црква и теќе, но и споменик од НОБ. Во овој период се населени околу 150 куќи, а проекцијата на Патувачкото кино се одржала во дворот на подрачното училиште „Никола Парапунов“.

„Најубави чувства кај екипата на „МакеДокс“ се создаваат кога целото село ќе дојде на проекција. Меѓу посетителите го сретнавме актерот Столе Мицов од Театар Комедија. Тој ни откри дека по потекло е од Пекљани, средно училиште завршил во Виница, а Факултет за драмски уметности во Скопје. Откако почна пандемијата на коронавирусот многу често е во своето родно место, а почнал да сади и лешници.“, велат организаторите.

Проекции во Пекљани
Проекции во Пекљани

Патувачкото кино на „МакеДокс“ оваа година го смени својот формат и се одржа во четири викенди во различни месеци од летниот период. Покрај Пекљани и Виница, проекции имаше и во Кратово (25 јуни) и с. Шлегово (26 јуни), две проекции во Штип (2 и 3 јули), како и во Кочани (9 јули) и Оризари (10 јули).

Патувачкото магаренце на „МакеДокс“ се врати во Скопје и веќе размислува за следните патешествија на 13-тото издание следната година.
Патувачкото кино на МакеДокс 2021 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Сите активности на Патувачкото кино на „МакеДокс“ се одвиваа согласно протоколите за одржување на културни настани во време на пандемија.

МакеДокс 2021 патувачко кино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.