Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Гостивар му одреди притвор на затвореникот Зоран Милевски – Кичеец

0
By НОВА ТВ on September 7, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 7, 2021 21:38

Затвореникот Зоран Милевски – Кичеец ќе мора порано да влезе зад решетки. Судија на претходна постапка му одреди ефективен притвор од 30 дена, откако обвинителството го осомничи дека тој ја предизвика сообраќајката кај Стража. Оваа мерка важи веднаш, иако е на сила одлуката на Управата за извршување на санкциите со која Кичеец до 9 септември е слободен човек.

Судот во Гостивар на Зоран Милевски – Кичеец му одреди 30 дневен притвор. Ваква одлука донесе судија на претходна постапка откако гостиварското обвинителство ја побара таа мерка.

Кичеец е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако во саботата, според обвинителството, предизвика сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево во која едно лице загина, а седум други беа повредени. ОЈО Гостивар наведе дека Кичеец претекнал на две полни линии и се судрил со две возила.

Со мерката за притвор на судот во Гостивар, Кичеец ќе мора порано да се врати во затвор. Тој сега ќе мора да биде сместен во притворско одделение, а не во струшкиот затвор бидејќи тоа е Казнено поправен дом од отворен вид, каде требаше да се јави на 9 септември. На него му е одобрен 30 дневен прекин од Управата за извршување на санкциите, по медицинско мислење на доктори од болницата „Св. Стефан“ – Охрид кои препорачале да се лекува од стрес, тахикардија и тешко дишење.

Зоран Милевски – Кичеец е осуден на три години затвор за случајот „Рекет“, откако призна вина. Во овој случај Бојан Јовановски – Боки 13 доби девет години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Катиа Јанева е осудена на седум годишна затворска казна.

ОЈО Гостивар побара притвор за Зоран Милески Кическиот за сообраќајката кај гостиварско Ново Село

Кичеец притвор сообраќајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.