НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Починатите во пожарот во Тетово биле на возраст од 29 до 79 години, нема настрадани медицински работници

0
By НОВА ТВ Balaban on September 9, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медицинскиот персонал го сочинувале двајца лекари и четири медицински сестри. Меѓу медицинските работници нема починати и повредени.

Починатите во пожарот во Тетово кој избувна синоќа биле на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, на Институтот за судска медицина ќе се прави и  анализа на ДНК за за утврдување на идентитетот на починатите, за што се  информирани и членовите на семејствата на пациентите, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција во Владата, по синоќешната трагедија во Тетово кога во пожар изгоре модуларната болница и настрадаа 14 пациенти.

Министерот Филипче рече дека во ковид центарот имало 26 пациенти кога се случил пожарот, а медицинскиот персонал го сочинувале двајца лекари и четири медицински сестри. Меѓу медицинските работници нема починати и повредени. Тој информираше дека 12мината пациенти кои синоќа беа евакуирани се во добра здравствена состојба и се лекуваат во тетовската болница.

На Институтот за судска медицина се телата на 14 пациенти, за дел е завршена одбукцијата, а за дел ќе се одвива во текот на денот.

– Сите капацитети се целосно мобилизирани, а во моментот се уште трае истрагата за пожарот. На владина седница е донесена одлука и експерти од странство да се придружат за независна и темелна истрага и сите наоди јавно ќе бидат презентирани – додаде Филипче.

Во врска со тоа има ли и починати меѓу придружниците на пациентите, според информациите имало двајца кои ги придружувале хоспитализираните во болницата, Филипче рече дека за тоа се уште нема информација, дека треба прво да се почека да заврши обдукција на починатите на Институтот за судска медицина.

 

Венко Филипче прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.