Кривичен совет на гостиварскиот суд му го укина притворот од 30 дена на Кичеец кој му беше одреден поради предизвикување на сообраќајна несреќа.
Зоран Милевски – Кичеец кој доби 30 дневен притвор денеска излезе од скопскиот истражен затвор во Шутка. Тој е транспортиран во затворот во Струга кој е од отворен тип за да ја доиздржи тригодишна казна за случајот „Рекет“.
Трансферот на Кичеец од Скопје до Гостивар следи откако кривичен совет на гостиварскиот суд по негова жалба го укина 30 дневниот притвор, кој траеше само три дена. Претходно притворот му беше одреден поради тешката сообраќајна несреќа која се случи во саботата на патот Гостивар – Кичево во близина на Ново Село кај Стража. Според обвинителството, токму Кичеец ја предизвикал несреќата во која загина едно лице. Во тој момент Кичеец имаше прекин во издржување на казната до 9 септември, а причина за тоа беше негово лекување.