Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон: Нападите на 11 септември не успеаја да ги разделат нашите народи

0
By НОВА ТВ on September 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 11, 2021 11:39

Нападите на Ал Каеда врз САД на 11 септември 2001 година не успеаја да ги поделат оние кои веруваат во слобода и демократија, рече британскиот премиер Борис Џoнсон во видео порака по повод 20 – годишнината од нападот.

– Иако терористите наметнаа товар на тага и страдање, а заканата продолжува и денес, сега по 20 години можеме да кажеме дека не успеаја да ја разнишаат нашата верба во слободата и демократијата. Терористите не успеаја да ги разделат нашите народи, ниту да нe натераат да ги напуштиме нашите вредности или да живееме во вечен страв, нагласи Џонсон во видеото.

Видео пораката на Џонсон ќе биде прикажана на настан во Олимпискиот парк во Лондон, каде што има и спомен -скулптура направена од челик од урнатите кули на Светскиот трговски центар во Њујорк.

Џонсон ја поврза годишнината од 11 септември и со неодамнешното враќање на талибанската власт во Авганистан по повлекувањето на американските, британските и другите сили на НАТО.

– Неодамнешните настани во Авганистан само ја зајакнуваат нашата решеност да се сеќаваме на оние кои ни беа одземени, да ги негуваме преживеаните и оние што се уште тагуваат и да се држиме цврсто за нашата верба во слободата и демократијата, која секогаш ќе го надмине секој непријател, рече Џонсон.

Во терористичкиот напад на 11 септември 2021 година два авиона го уништија Светскиот трговски центар при што загинаа 2.753 луѓе, третиот се урна во Пентагон во Арлингтон, Вирџинија и четвртиот авион за кој се верува дека се упатил кон Капитол или Белата куќа се урна во Шенксвил, Пенсилванија.

Меѓу загинатите имаше и 67 британски државјани.

11 септември Британија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.