НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американска студија: Невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да починат од Ковид – 19

0
By НОВА ТВ on September 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава има 13.406 активни случаи на корона-вирусот.

Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупната цифра на активни на корона-вирусот се искачи 13.406. Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови.

Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата. Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.

– Студијата, која следеше на 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да починат отколку оние кои биле целосно вакцинирани, пренесува Гласот на Америка.

Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

 

ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од над 75 години.

Луѓето се уште се со поделени мислења околу вакцинацијата, за едни таа претставува враќање на живтот во нормала, други пак тврдокорно ја одбиваат неверувајќи во ефикасноста на постоечките вакцини. Како во светот, така и кај нас властите преку кампањи и рестрикции се обидуваат луѓето да се вакцинираат во што поголем број, но многумина сметаат дека вршењето притисок преку рестрикциите не е демократски чекор.

И покрај тоа што речиси никаде пандемијата не е стивната, ширум светот секојдневно се организираат протести против рестриктивните мерки.

Вчера во Софија беше организиран протест од партијата „Преродба“ против рестриктивните мерки, насочени за спречување на ширењето на Ковид-19. Протестот беше насловен „Време е да паднат маските“. Демонстрантите накратко ги блокираа централните булевари во Софија. Демонстрантите стигнаа до бугарското Министерство за здравство. Тие усвоија декларација со нивните барања, која ќе биде доставена до Претседателството и до членовите на бугарската техничка Влада.

Демонстрантите се изјаснија против рестриктивните мерки, задолжителното носење маски и поделбата на луѓето на вакцинирани и невакцинирани, како и против воведените ограничувања и побараа да бидат укинати.

Како и многумина, така и белгискиот премиер Александер Де Кро се противи на задолжителна вакцинација и покрај тоа што големите градови во земјата не ги постигнуваат зацртаните цели.

Иако Белгија важи за една од најдобрите земји кога станува збор за вакцинирано население, кога ќе се погледне во детали паѓа во очи фактот дека големите градови во земјата, Брисел, Антверпен и Лиеж, не постигнуваат ниту 50 отсто вакцинација на возрасното население.

Поради ова, Брисел е повторно во црвена зона, а локалните власти се подготвуваат да воведат сертификат за влез на настани, во кафулиња, молови итн.

Сепак, премиерот Де Кро вели дека задолжителната вакцинација не е решение. На прашање на весникот Ле Соар дали треба да биде вакцинацијата задолжителна, тој одговара: – Тоа е теоретско решение, чиста реторика. Во моментов само две земји го сторија тоа, Микронезија и Туркменистан. Зошто? Затоа што: како ќе го спроведете тоа? Практично. Ќе инсталирате контролни пунктови на улица? А, ако луѓето одбијат, ќе ги ставите во затвор? Ми велат „ама така се прави за полио“, да но, за полио тоа се прави речиси штом се родите. А, тука како ќе направите? И ќе им дадете аргументи на тие кои се колебаат: ете гледате, не можете да убедите, па затоа на сила го правите! Тоа е сосема реторичко и теоретско решение, вели премиерот на Белгија.

Според него, решението е во макотрпна едукација и објаснување. Тој смета дека реалноста е многу покомплексна од начинот на кој некои тоа го претставуваат.

– Некои луѓе се загрижени, слушаат секакви приказни, некогаш се плашат, луѓето бараат да бидат уверени, да им се објасни. Убеден сум дека решението е да се работи на повеќе начии. Она што го правиме на терен е дел од решението, тоа што ќе го правиме од понеделник во училиштата е друг, исто и со некои работодавачи, јавниот превоз на пример предвидува да ги вакцинира вработените, мислам и дека идејата да се прошири вакциналниот серитификат на места каде луѓето можат да бидат загрозени, вели првиот човек на белгиската Влада.

Австриското Министерство за здравство соопшти дека подготвило нова регулатива за епидемиолошките мерки, со што сите земји од Западен Балкан се ставени на „црвената листа“. Покрај нив, исто и САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд исто така отпаднаа од листата на земји со низок епидемиолошки ризик. Отсега, од овие земји е можно да се влезе во Австрија само со потврда за целосна имунизација.

Третата најнаселена австралиска држава, Квинсленд предупреди дека може да нареди итно затворање (локдаун) поради зголемувањето на бројот на случаи заразени со Ковид-19.

Државата Квинсленд, во која живеат повеќе од пет милиони луѓе, објави дека е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени, пет нови инфекции во последните 24 часа, откако едно семејство од Бризбејн, главниот град на државата, е позитивно на коронавирусот.

Властите соопштија дека следните денови ќе бидат критични и останува да се види дали затворањето е оправдано.

– Ако видиме ширење на заразата, можеби ќе треба да преземеме многу брза акција. Но, во моментов тоа е кај едно семејство, рече вчера премиерката Анастасија Палашчук.

Австралиска држава Нов Јужен Велс, пак, во моментов е под блокада, во градовите Сиднеј, Мелбурн и Канбера.

вакцини вирус Ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

ВЕСТИ August 4, 2025

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште…

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.