Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ќе присуствува на прошталната средба на Меркел во Тирана со премиерите од Западен Балкан

0
By Mirjana on September 14, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 14, 2021 07:46

Попладнево во Тирана, македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев а во која се и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе остварат билатерална средба со Германската канцеларка Ангела Меркел.
Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана, соопштуваат од Владата.

Посетата на Германската канцеларка Ангела Меркел на Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама, а потоа ќе има заеднички ручек со шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, по што ќе следат одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Северна Македонија и Косово, од една страна се толкува како давање нов поттик на Берлинскиот процес отворен во 2014 година, а од друга само како обична проштална посета на Меркел која заминува во пензија.

-Свечениот пречек ќе биде пред Палатата на бригадите во 10:20 часот, по што ќе има одвоена средба со премиерот Еди Рама а потоа и билатерална средба на двете делегации, информираат од владината прес служба.

Нешто претпладне, според агендата ќе пристигнат премиерите на земјите од западен Балкан, по што ќе има заеничко фотографирање и одржување на планираната средба.

Ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.

Поради посетата на Меркел државната полиција превзеде низа безбедносни мерки, од изменет сообрајќаен режим на повеќе улици во градот, до зголемено присуство на полициски службеници и засилена контрола при влез и при излез од Тирана.

Германската канцеларка Меркел во Тирана доаѓа по посетата на Белград, каде на заедничката прес конференција со претседателот Вучиќ, нагласи дека косовското прашање нема да исчезне и мора да се реши и дека некои прашања се решаваат на крајот од некој процес. Вучиќ нагласи дека Србија е свесна кој е условот за влез во Европската Унија.

 

Меркел средба со лидери Западен Балкан Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.