НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Вчера нови 50 ученици позитивни на Ковид-19

0
By Ivana on September 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вкупно 240 илјади ученици кои се со физичко присуство во моментов во државата, активни случаи на ковид од почетокот на учебната година се 0,2 проценти. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Министерката посочи дека обврската е континуирано да се почитуваат протоколите, за училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство.

-Сите ние сме сведоци на континуирана трансмисија во целиот конктекст во кој што ние живееме во општетсвото. Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите локални заедници. Наша обврска е да да ги почитуваме протоколите доследно и да правиме се училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство, рече Царовска денеска при посетата на централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров.

Таа напомена дека доколку се појави каква и да е потреба или аларм од епидемиолошката служба или од Комисијата за заразни болести, Министерството е подготвено директно да се префрли на следен модел кој ќе биде препорачан, а трите модели се донесени и утврдени од Влада во соработка со Комисија за заразни болести.

Прашана колку ученици во моментов се во изолација министерката посочи дека како министер не е надлежна да зборува за бројка на изолирани, но информираше дека во основното образование околу 2 отсто од учениците следат онлајн настава, а во средно образование, околу 7 проценти.

-Министерството за образование и наука не издава решенија за изолација. Токму затоа јас како министер не можам да комуницирам бројка на изолирани. Можам да кажам дека во основно образование процентот на ученици кои се со онлајн учење е 2 проценти од различни причини, медицински и немедицински, додека во средно образование, затоа што знаете дека четири општини одеа со онлајн учење во првата недела, сега и втората недела во Тетово и Гостивар останува со онлајн учење, токму затоа имаме околу 7 проценти ученици во средно образование, рече Царовска.

Таа потсети дека Струга и Кичево од минатата недела се вратија со физичко присуство, и тие се во континуитет со наставата.

Во однос на реакцијата на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, кои бараат наставата да се одвива и на отворено, Царовска рече дека планот за спроведување на настава со физичко присуство е усвоен уште во овој месец, тој е доставен до училиштата и по истиот тој план се спроведува наставата денес.

Како што рече, протоколите и планот се поставени од страна на Комисијата за заразни болести, и заедно со нив се утврдени сите елементи кои во тој протокол и план за работа треба да бидат исполнети.

-Токму затоа укажувам дека Министерството за образование и наука ниту одлучува за тестови, ниту одлучува за протоколи заради тоа што сметам дека здравствените власти покажаа дека ја водат пандемијата и успешно се справуваат со истата, и токму затоа продолжуваме да ги следиме инструкциите кои што Комисијата за заразни болести ги дава, додаде министерката.

Таа уште еднаш напомена дека сите училишта имаат обврска да обезбедат онлајн учење за учениците кои имаат одобрение од училиштето и сите оние кои се во изолација и треба да следат онлајн настава, треба истото да им се овозможи. Доколку нема можност за такво нешто, тогаш се доставуваат материјали.

-Но, прв начин на одговор во време на изолација или ковид кај ученик, училиштето има обврска да обезбеди онлајн учење и тоа го повторувам кај сите директори во континуитет, појасни Царовска.

Ковид-19 Мила Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.