Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Носиите не се само културно наследство туку и модна традиција низ вековите

0
By Ivana on September 14, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 14, 2021 12:20

Mакедонската јавност да се запознае со македонската мода и традиција низ вековите е главната цел на проектот поддржан од министерството за култура, а воедно и да се едуцираат сите генерации за тоа какви биле етапите на творештвото, започнувајќи од македонските носии и вклучувањето на останатите националности кои живеат денеска кај нас.

На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од Технолошки-металорушкиот Факултет и Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден. Излагање свое преку видеа со презентирање на моделите и инспирација од одредени декади имале сегашни и дипломирани студенти при ТМФ и гардероберот на КУД Илинден кој говорел за градските и селските носии во минатото.

– Основната динамика на изгледот без разлика дали е историски костим или мода, е базирана врз фактот што најголемото влијание доаѓа од социоекономските прилики, но и климатските услови. Од голема важност за секое општество е да го сочува со особена грижа и внимание своето наследство, кај нас конкретно народните носии, бидејќи тие се важен дел од нашата историја и идентитет. Моментално нашата модна сцена е во фаза на продуцирање на голем број дизајнери, на некои од нив им претстои интересна иднина, но само доколку се воспостави релација помеѓу креативните сили и индустриските капацитети, без тоа се ќе остане само на ниво на независни дизајнери кои произведуваат интерсни креации во мали количини. Тоа е од една страна добро, на земјата и треба независна модна сцена, но исто така и треба и успешен локален бренд на индустриско ниво, рече професорката Георгиева.

За Димитровски македонските носии се грижливо чувана модна традиција која го отсликува секој период и општествените промени во земјава.

– Во нашиот фонд или збирка носии имаме оригинални купувани од терен, и реплики изработени од природни материјали. Грижата за нив е специфична и е тешко да се одржуваат. Некои од оригиналите, како женската носија од Смилево, датираат од крајот на 19 тиот век, а се откупувани од терен и надградувани од основањето на ансамблот до денес. Носиите се значајни за соодветна и автентична презентација на богатиот репертоар кој го има нашиот ансамбл, а се состои од сценски адаптации, обичаи и стилизации најмногу на накитот бидејќи е навистина тешко да се најде на овие простори, но и на самите носии. На пример машките носии задолжително имаат волнен појас кој денеска е заменет со ремен, покрај селските носии постојат и градски носии кои на пример се карактеристични за битолскиот крај, вели Димитровски.

Македонската традиционална носија во минатото е белег на едно време кое е важно за македонската историја и нејзините почетоци. Токму од тогаш носијата претставува едно богатство кое е изразено преку бројноста и разновидноста на облеките, како и преку начинот на нивното украсување, носиите се дел од материјалната култура на Македонскиот народ со вековна традиција.

Македонските дизајнери може слободно се приклучат кон информативната платформа Традарт.мк и директно ќе ги кажат своите ставови и ќе бидат инспирирани од минатото се со цел да се зачува македонската традиција и култура преточена во едно ново дизајнерско руво.

култура народни носии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.