Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битола деновиве во духот на 20 јубилејно издание на „Битола Отворен Град“

0
By Mirjana on September 15, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 15, 2021 11:22

Знаеш дека не е завршено летото, ако не се случи „Битола Отворен Град“.
Одложен, заради немилиот настан во Тетово, а реализиран низ еден долг концерт, како што впрочем заслужува јубилејното 20 издание на фестивалот кој обединува, креира и инспирира активно младинско учество и преку музика и уметност поместува граници.

Пред публика која броеше 600 пополнети места, во амфитеатарот на Хераклеја и во обем соодветен на протоколите за организирање на вакви настани.

Младинскиот културен центар од Битола, кој е основач на овој фестивал, со повеќе придружни настани кои се случија, а и ќе следат останува на мисијата да создава проекти кои стануваат своевидна културолошка појава, а и се промотори на напредни идеи за позитивни општествени вредности и третирање на важни теми. Оттука и бројни дебати, изложби, перформанси се случувале низ сите изминати години на овој фестивал.

Битола Отворен Град е познат низ децениите и по своите големи концерти, па така на  Хераклеја, овој викенд музички празник направија гостите Stereo Banana, Love Itoya и нашиот Кирил Џајковски.

Стартот го означи дуото со силна концертна репутација Stereo Banana. Хип-хоп, брејк-бит, малку реге и фанк беа одличен вовед за она што следуваше.
А тоа беше нигериската музичка ѕвезда Love Itoya, која со својот моќен сценски настап и енергија, заедно со нејзиниот пратечки бенд и вокали ја подигна атмосферата и потврди дека музиката и активизмот за женски права, по кој таа е позната, можат да функционираат преку текстовите и пораките низ музиката во нејзините настапи.

Финалето на концертот го означи најпродуктивниот македонски композитор на филмска и театарска музика и електронски артист, Кирил Џајковски. Музичар кој со многу чувство го испреплетува новиот звук и традиционалната музика.
Добро познат на битолската публика, но секогаш поинаков, Џајковски повторно потврди дека традиционалната музика секогаш е голема инспирација. А тој, тој експеримент го прави со најголема почит.

Очекувајте и нови настани, зошто 20 издание на Битола Отворен Град сѐ уште не е завршено.

„Битола отворен град„20 г. јубилеј Концерти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.