НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Пановска – Ставридис: Стравот од ковид-19 да не ги одврати пациентите од преглед на лимфниот јазол

0
By НОВА ТВ Balaban on September 15, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемен, безболен, поткожен лимфен јазол е симптом кој не треба да се занемарува ниту од пациентите, ниту од здравствените работници. Дополнително, намалена енергија, треска, температура, чешање по телото, намалување на телесна тежина, се исто така симптоми кои не треба да се игнорираат, изјави проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис, директор на ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје.

Светскиот ден за подигнување на свеста за лимфом се одбележува секоја година на 15 септември на глобално ниво. Свесноста за лимфом и препознавање на симптомите се од суштинско значење за раното откривање.
Кон одбележувањето на овој ден, во ек на ковид-19 пандемија, се приклучува ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија Скопје, со апел до населението за сериозноста на лимфомот како заболување и потребата за неговото навремено препознавање и лекување. Оваа година, само кај 52 пациенти е дијагностициран лимфом.
Проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис, директорка на ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје, порачува:
– Многу е важно да им помогнеме на граѓаните да ги препознаваат симптомите на лимфомот и да побараат навреме помош од лекар. Зголемен, безболен, поткожен лимфен јазол е симптом кој не треба да се занемарува ниту од пациентите, ниту од здравствените работници. Дополнително, намалена енергија, треска, температура, чешање по телото, намалување на телесна тежина, се исто така симптоми кои не треба да се игнорираат. На овој ден испраќаме апел до граѓаните навремено да се јавуваат кај своите матични лекари кога ќе забележат некоја од овие состојби. Да не дозволат состојбата со ковид-19 да ги одврати од посетата кај матичниот лекар затоа што физичкиот преглед на лимфниот јазол е клучен чекор во откривањето на ова заболување – изјави проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис, директор на ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје.
Таа апелира до матичните лекари редовно да ги прегледуваат своите пациенти со палпација на лимфните јазли.
– Раното дијагностицирање и соодветниот третман на ова хематолошко малигно заболување има клучно значење за излекување и успешен клинички исход од третманот. Доколку рано се дијагностицира и навремено се третира, пациентите добиваат шанса за долг, квалитетен и среќен живот, вели проф. д-р Пановска – Ставридис.
Во 2019 година во нашата земја беа дијагностицирани 150 пациенти со лимфом, во 2020 година до месец август биле откриени 74 пациенти со ова заболување.  А оваа година, само кај 52 пациенти е дијагностициран лимфом.
Овие бројки бележат пад на ново дијагностицирани пациенти со не-Хочкинов лимфом од 38 отсто, споредено со истиот период од минатата 2020 година. Од почеток на пандемијата па до денес забележуваме континуирано опаѓање на бројот на ново дијагностицирани пациенти. Но за жал овој опаѓачки тренд, не значи дека нема новозаболени пациенти, туку дека луѓето со симптоми поради пандемијата и стравот од зараза, не посетуваат навремено доктор, а со тоа ја пролонгираат раната детекција која е од огромна важност кај малигните заболувања, предупредуваат од Клиниката.
Консултација и преку Интернет амбуланта 

На Клиниката за хематологија во Скопје е отворена и електронска амбуланта. Со неа се поедноставува комуникацијата помеѓу матичните лекари и хематолозите, за пациентите кај кои има сомнение за хематолошко заболување, малигно или бенигно, примарно или секундарно. Оваа интернет амбуланта е можност за матичните лекари, преку телефонска и интернет консултација во Мој термин, да испраќаат резултати или прашања околу наведените заболувања. На тој начин се овозможува соработка помеѓу здравствените работници од примарното и секундарно здравство, за побрзо дијагностицирање и третманско реагирање, како и дополнителна заштита на пациентите.

– Поради состојбата во која се наоѓаат пациентите со малигни лимфоми, тие се карактеризираат како ранлива категорија граѓани, кај кои навремените прегледи кај матичен лекар со палпација на лимфен јазол, консултациите во секундарното здравство, биопсијата на лимфен јазол, како и апликацијата на биолошката и хемотерапијата треба да се одвиваат непречено, без одложување и доцнење. Во спротивно, може да настане прогресија на заболувањето и притоа исходот од лекувањето да биде неповолен, вели Пановска-Ставридис.

За да се заштити оваа група пациенти која е под зголемен ризик од инфекција, развој на тешка болест и смртен исход, Универзитетската Клиника за хематологија од Скопје, препорачува да се спроведе целосна вакцинација за ковид – 19 на оваа група граѓани. Индивидуалната одлука за вакцинација е врз основа на заедничка одлука помеѓу пациентот и ординирачкиот хематолог.

Ирина Пановска - Ставридис Клиника за хематологија лимфом свеста Светскиот ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.