НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче за Сител ТВ: Ситуацијата со Ковид-19 е сериозна-нема друг излез освен вакцинација

0
By Mirjana on September 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување во дневникот на Телевизија Сител, уште еднаш ја алармира јавноста за потребата за што помасовно вакцинирање како единствен излез од ситуацијата која станува сериозна. Прашан дали последната донирана транша вакцини Фајзер од Бугарија , ќе има време да се аплицира до крајот на нивната трајност-крајот на септември, истакна дека очекува тие дози да се потрошат во наредните 4-5 дена ако се има предвид дека бројот на вакцинирани на ден е околу 10.000 лица.

Министерот нагласи дека нема да се откажат од мерката од октомври,  на луѓето во затворените простори, при учество на настани, во молови, ресторани да им се бара сертификат за вакцинираност со две дози. Но, притоа додаде дека можеби ќе бидат дадени 2-3 недели за да се вакцинираат што поголем број граѓани.

Околу можноста да се воведе трета доза вакцина, Филипче рече се следат анализите во кои најдалеку е отидена Фајзер за тоа дали и за кои лица е потребна бустер доза, како и за тоа дали први би биле имунокомпромитираните лица или сите. Ќе чекаме да излезат официјалните студиите и потоа ќе излеземе со соодветна препорака, рече Филипче.

Колку сме блиску до колективен имунитет, Филипче рече  дека сеуште далеку и дека има разлика кај различни возрасни генерации. Вкупниот опфат на вакцинација е 37% на целокупно население со една доза.  45%-46 % од населението над 18 години и околу 55-56% повозрасните генерации.

Министерот спомена дека кај вакцинираните состојбата се подобрува во однос на степенот на зараза , а дека кај невакцинираните таа се влошува. Тој го сподели податокот дека над 87% од новодијагностицираните случаи со Ковид 19 , се лица кои не биле вакцинирани, и над 90% од починатите во последниот период биле невакцинирани лица. Таму каде опфатот со вакцинација е низок преоптоварен е и здравствениот систем односно болниците

Околу можноста да се воведе задолжителна вакцина , министерот рече дека по ова посегаат се повеќе земји од светот првично за одредена категорија граѓани и вработени, но дека светот се движи и кон оваа можност со оглед на ширењето на заразата.

М.Т.

 

Ковид-19 сериозна состојба Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.