НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот-објави ДВ пренесувајќи став од Светска Банка

0
By Mirjana on September 24, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, пишува Дојче Веле (ДВ) повикувајќи се на одговорот што за медиумот го дале од Светска банка (СБ), поврзан со пожарот кој изби во модуларната болница во кој загинаа 14 лица од кои 12 пациенти и двајца надворешни.

Од меѓународната кредитна институција, за ДВ објасниле дека, модуларната болница во Тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди.

ДВ информира дека, од Светска банка не сакале да коментираат во врска со техничките спецификации на проектот по кој се градени модуларните болници во земјата.

„Очекуваме истрагата да даде дополнителни детали за техничката спецификација“, изјавил  портпарол на организацијата со седиште во Вашингтон, пренесува ДВ, дополнувајќи дека од таму укажале дека согласно нивните препораки сите нови згради треба да бидат дизајнирани, изградени и раководени во целосна усогласеност со локалните закони за градење и регулативи, и во согласност со меѓународно прифатени стандарди за заштита на живот и заштита од пожар. Дополнително, упатствата за јавни набавки на Светска банка прецизираат дека за сите меѓународни тендери, позајмувачот, во случајов Северна Македонија, мора да ги наведе меѓународно прифатени стандарди со кои опремата, материјалите и изработката ќе се усогласат, пишуваат од редакцијата на македонски јазик на ДВ.

„Меѓународниот стандард кој се следи во законската регулатива во Северна Македонија, велат од Светска банка, е оној на Конфедерацијата на европските здруженија за заштита од пожар КФПА Европа (CFPA- Confederation of Fire Protection Associations in Europe), објавува медиумот.

Најновиот патоказ на КФПА за протипожарна заштита на модуларни, привремени, објекти е издаден на 19 октомври 2020 година, точно три дена откако е објавена и Листата за проверки за модуларните болници на Светската банка, пишува Дојче Веле во денешниот текст посветен на ставот од светска Банка, истрагата и надлежностите за контрола на модуларните болници .

 

 

 

 

 

ДВ пожар модуларн Тетово СБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.