Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спикерот Џафери се сретна со неговиот унгарски колега Ковер

0
By НОВА ТВ on September 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 24, 2021 17:10

На маргините на десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа посветен на проширувањето, што се одржува во Будимпешта, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со неговиот колега од Собранието на Унгарија, Ласло Ковер.

Одржување на овој состанок, претседателот Џафери го оценил како исклучително значаен за земјите од Југоисточна Европа, со оглед на неговиот континуитет и политичката поддршка со донесувањето на завршен документ, со кој се испраќа силна порака за ставот на земјите од Вишеградската група за членството на земјите од нашиот регион во Европската унија.

Како што соопштија од кабинетот на Џафери, тој го информирал неговиот колега Ковер за активностите на Република Северна Македонија по стапувањето во членство во НАТО, како и за актуелниот статус на евроинтегративниот процес, особено во поглед на односите со Република Бугарија. Во таа прилика, се заблагодарил за поддршката која Унгарија ја пружа на планот на справувањето со мигрантите на јужната граница, штитејќи ја на тој начин индиректно надворешната граница на Европската унија. Претседателот на Собранието Џафери, во знак на добрата билатерална соработка, ја искористил приликата и упатил покана за посета на нашата земја.

Претседателот на парламентот на Унгарија Ковер, ја прифатил поканата и искажал благодарност за нашето континуирано присуство и учество на овие состаноци. Како што се наведува во соопштението, отворено посочил на поддршката од Унгарија за нашите евроинтеграции, за кои сметал дека земјата одамна требаше да е многу понапред и оти Европската унија требаше да спречи одредени чекори, кои придонесоа за стагнирање во овој процес.

– За него од особено значење е вклучувањето на земјите од регионот во Конференцијата за иднината на Европа, со оглед на фактот што во моментов постојат големи разлики меѓу европската левица и десница за идното функционирање на Унијата и од тие причини, гласот на земјите од регионот на Југоисточна Европа би можел да помогне во зближување на сегашните различни ставови, стои во соопштението.

На средбата биле констатирани одличните билатерални односи на највисоко ниво и заедничките иницијативи за унапредување на соработката во повеќе области, како во делот на економијата, особено имајќи го предвид фактот што трговската размена бележи раст за 38 проценти во последните две години, но и во доменот на науката, образованието, одбраната и други области од заемен интерес.

Ковер Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.