НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти свика седница на Советот за национална безбедност на Косово

0
By Sashko on September 25, 2021 РЕГИОН
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер Албин Курти, по синоќешните напади на објекти во општините со мнозинско српско население, Зубин Поток и Звечане, за вечерва свика седница на Советот за национална безбедност во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на прес-конференција попладнево ја обвини Србија дека користи косовски граѓани за да испровоцира сериозен меѓународен конфликт.

Кризата во северно Косово, предизвикана од одлуката на Владата на Курти да воведе реципроцитет кон Србија со времените регистарски таблички, во текот на минатото деноноќие се продлабочи, откако засега непознати сторители запалија центар за регистрација на моторните возила во рамки на општинскиот објект во Зубин Поток и фрлија експлозивни направи во ист таков центар во Звечане.

Според косовскиот премиер, намерата на тие што ги предизвикале инцидентите, а кои се поттикнати и поддржани од актуелните власти во Србија, е да оневозможат опремување на возилата кои влегуваат од Србија со времените таблички, нешто што веќе 10 години го практикува Србија за возилата со косовски таблички кои влегуваат во таа земја.

Курти информира дека, и покрај протестите и блокадите на границите од страна на локални Срби, минатите шест дена, од воведувањето на реципроцитетот, во Косово влегле над девет илјади возила од Србија, кои се опремиле со времени таблички со ознаката РКС и не е забележан ниту еден инцидент. Тој им одаде признание на косовските полицајци, за кои рече дека во ситуацијата покажале висок морал и се однесувале крајно професионално.

Поединци или групи на кои владеењето на правото и јавната безбедност им ги загрозуваат криминалните активности ја напаѓаат нашата држава и го загрозуваат мирот. Јасно е оти тие се поттикнати и поддржани од Србија, односно од тамошниот автократски режим. За жал, пред очите на меѓународната заедница, Србија користи граѓани на Косово за да испровоцира сериозен меѓунaроден конфликт, оцени Курти.

Тој порача дека таквите напади нема да се толерираат и ги повика граѓаните, посебно оние од северно Косово, без оглед на нивната етничка припадност, да останат мирни и да соработуваат со институциите.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска информира дека синоќа по полноќ е запален Центарот за регистрација на возила, кој се наоѓа во објектот на општината Зубин Поток, а нападнат е со рачни бомби кои не експлодирале, и Центарот за регистрација во Звечане.

Во објава преку својата страница на Фејсбук, Свечља оцени дека станува збор за „криминални акти со терористички елементи“.

Свечља порача дека овие настани „покажуваат што би се случило на граничните премини (со Србија) Јариње и Брњак доколку таму немаше присуство на специјалната полиција“.

Односите меѓу Приштина и Белград се затегнаа откако косовската Влада во понеделникот, на 20 септември, почна да ја спроведува одлуката за задолжително опремување со времени регистерски таблички на возилата кои влегуваат од Србија преку косовските гранични премини.

Оваа одлука предизвика протести на Србите во северно Косово, кои со патнички и други возила веќе шести ден го блокираат граничниот премин Јариње, а следеа и остри реакции од офцијален Белград, откако на граничните премини беа упатени специјалните единици на косовската полиција. Во врска со настанатата ситуација официјален Брисел, како и западните дипломати во Косово и Србија, повеќе пати ги повикаа Приштина и Белград да ги смират тензиите.

Албин Курти Косово регион Совет за безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.