Порталот „Косово онлајн“ утрово објави снимка на каналот you tube на која се гледа, како што се наведува во веста, припадник на противпожарна единица како во присуство на косовската полиција се искачил на антенски столб и го симнал државното знаме на Република Србија кое потоа го испуштил да падне.
Ова знаме, наведува ,,Косово онлајн“ било поставено на репетиторот на МТС во Врбовец пред два дена.