Во меѓувреме во Клиничкиот центар стигнала една цистерна кислород. Сега се бара понатаму да се обезбедува кислород, зашто Агенцијата за лекови на БиХ ја забрани работата на фирмата која беше единствен добавувач на кислород.
Кислородот што се користи во Клиничкиот центар во Бања Лука е медицински безбеден. Резултатите од анализата покажаа дека чистината на кислородот е повисока од законската граница од 99,5 проценти.
Премиерот и министерот за здравство на конференција со резултатите за исправност на кислородот дошле со уште едно соопштение дека сите кои тврделе дека кислородот е индустриски, а не медицински сега ќе добијат кривични пријави.
– Ова е злосторство против здравјето на луѓето. Внесување паника меѓу граѓаните е казниво и со Законот за заштита на здравјето”, наведе Радован Вишковиќ, претседател на Владата на Република Српска.
Кривичната пријава од Драшко Станивуковиќ- градоначалник на Бања Лука, ја нарече смешна. Аферата „кислород“ ќе биде завршена кога сите актери ќе завршат во затвор, рече тој.
-Дали вие сваќате дека денеска живееме во банана држава во која за две години увезувате два милиона, а за сите болници кислород за над пет милиони марки кој не се нарекува медицински, а наводно на болниците им испорачувате медицински. Значи вие сте шверцувале преку граница”, навел Станивуковиќ.
Министерот за здравство Ален Шераниќ вели дека е срамно што квалитетот на кислородот некој го искористил како политичка тема и тоа во момент кога имаме се повеќе заболени од коронавирусот.
-Сакате јас да прашам кој кислород се користи во болницата во Сански мост, запрашајте се кој се користи во болниците во Федерацијата. Па го користат истиот оној кислород кој се користи во Република Српска во последните 30 години, сите го користиме тој кислород”, навел Шераниќ.
Во меѓувреме во Клиничкиот центар стигнала една цистерна кислород. Сега се бара решениекако понатаму да се обезбедува кислород, зашто Агенцијата за лекови на БиХ ја забрани работата на фирмата која беше единствен добавувач на кислород.