НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Да се пријави продажбата на печатени учебници

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министерството за внатрешни работи, како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска

МВР има укажувања, а и постапувања кадешто се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали МОН е информирано дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение, за кое од годинава треба да се употребуваат дигитални, пренесува Alsat.mk.

– Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министерството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување, изјави Царовска по учеството на конференција за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта.

Таа рече дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците, апелирајќи да се користат дигиталните верзии.

Посочи дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, како што рече, тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.

– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални учебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална писменост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење, истакна  Царовска.

Од вкупниот потребен тираж, МОН набави 20 отсто печатени верзии на учебниците и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома, за да може да ги имаат кај себе. Одреден број примероци се за користење во училишните библиотеки.

– За сите останати, МОН набави дигитални уреди, таблети, и околу 3500 до денеска се дистрибуирани и на располагање на општините им се уште 6500 од вкупно 10-те илјади набавени. Тоа значи дека секој ученик треба да има пристап до дигитален уред, освен оние коишто немаат електрична енергија во домашни услови и за нив се обезбедени печатени, додаде министерката.

Таа одговори дека е апсолутно задоволна од одвивањето на учебната 2021/2022 година и од спремноста на училиштата и на наставниците да ги прифатат промените, а  отпорите со кои, како што рече, некој се обидуваше да ги создаде вештачки, се прави само штета на образованието и на секој ученик.

Соопшти и дека вчера нови заразени во наставата со физичко присуство имало 0,01 отсто, а активни има вкупно 0,27 проценти  во училиштата што, рече, укажува дека состојбата е стабилна.

Во однос на тестирањето на КОВИД-19 на околу 8200 случајно избрани основци и средношколци со цел да се добие податок за трансмисија на вирусот во училиштата, Царовска рече дека за нови детали за скринингот јавноста ќе биде навремено известена.

Мила Царовска печатени продажбата учебници четврто одделение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.