НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО во Северна Македонија достави носачи на вакцини и реагенси за секвенционирање на вируси

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравственитеустанови, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.

Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија денеска до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје достави пет носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање на вируси, во рамки на тековниот одговор на КОВИД-19. 

Целта е да се придонесе за ефективен одговор на КОВИД-19 во земјава.

Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат кутии со изолација што се користат за транспорт на вакцини и разредувачи до локации на терен, како и за привремено складирање во текот на изведувањето на имунизацијата во здравственитеустанови, со што се одржува потребната температура за складирање и се задржува квалитетот на вакцините.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека носачите за вакцини во голема мера ќе придонесат за подобрување на националните капацитети за складирање на вакцини и значително ќе ги поддржат напорите за дистрибуција на вакцините против КОВИД-19.

Бидејќи, како што рече, вакцинацијата и понатаму останува една од најефективните интервенции во текот на пандемијата, ние изразуваме голема благодарност за помошта на СЗО во справувањето со сите комплексни аспекти на пандемијата.

Џихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија истакна дека подобрувањето на инфраструктурата на ладниот синџир ќе помогне вакцините што спасуваат животи, како вакцините против КОВИД-19, така и редовните вакцини, да стигнат до оние на кои им се најпотребни.

-Покрај ладниот синџир, СЗО ги поддржува и сите други аспекти за зајакнување на имунизацијата, вклучително и градењетoна капацитетите на работниците во јавното здравство, здравствените работници кои ја вршат вакцинацијата, педијатрите, матичните доктори и останатите здравствени работници, преку прилагодени курсеви за обука за вакцинацијата, додаде Тавила.

Таа ги охрабри сите целосно да се вакцинираат и да се придржуваат на јавно-здравствените и социјалните мерки, бидејќи, како што рече, сите тие се од клучно значење за завршувањето на пандемијата и забрзувањето на закрепнувањето на глобално ниво.

Набавката на опремата и имплементацијата на проектот се поддржани од Германија и Центарот за превенција и контрола на болести на САД, со техничка поддршка од СЗО.

Поддршката на СЗО на националните здравствени власти во поглед на пандемијата на КОВИД-19 вклучува поддршка на изработката и реализацијата на националниот план за вакцинација против КОВИД-19, обезбедување опрема за контролирано складирање на голема количина на вакцини на многу ниски температури, обука на здравствени работници вклучително и здравствени работници кои ја вршат вакцинацијата, придонес во севкупните редовни национални напори за имунизација и зајакнување на јавно-здравствените лабораториски капацитети на централно ниво.

вакцини носачи реагенси СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.