Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти од Алибаба, Спотифај и Вибер ќе учествуваат на конференцијата за е-трговија во Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on October 8, 2021 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 8, 2021 11:20

Во досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 држави во светот. Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата. 

Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек.

И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.

Во досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.

Директно од големиот светски гигант Алибаба („Alibaba Group“), на конференцијата ќе говори директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи, која ќе ја пренесе својата експертиза  за развојот на социјалната е-трговија и лекциите научени од Кина.  Своето искуство пред присутните ќе го претстави и Константин Костадинов од комуникациската платформа Вибер („Rakuten Viber“), кој работи како Директор на продажба за Централна и Југоисточна Европа и кој ќе зборува за моќта на апликациите за разговор и тоа како да ги вклучите корисниците и да постигнете успех со помош на дигиталниот маркетинг.

Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од можеби најпопуларниот бренд во музичката стриминг индустрија, Ана Горка, која како партнер за Балканот во Спотифај („Spotify“) на публиката ќе им ги доближи можностите за рекламирање на Спотифај и како тоа може да помогне за градење свест за вашиот бренд.

Конференцијата годинава ќе се одржи во хибриден формат, односно учесниците ќе имаат можност да одберат дали преферираат учество на конференцијата со физичко присуство во хотел DoubleTree by Hilton, со следење на сите актуелни протоколи против ширење на пандемијата, или пак да ја следат конференцијата преку интернет, од удобноста на својот дом или на работно место.

Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.

Генерален партнер на конференцијата и оваа година е Мастеркард, додека А1 Македонија е дигитален партнер, а Фондот за иновации и технолошки развој ја поддржува конференцијата како организациски партнер. Конференцијата е поддржана од голем број компании, а меѓу нив се Касис и Пејтен како златни спонзори оваа година.

Повеќе информации за агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/ 

 

 

Алибаба вибер експерти Спотифај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.