Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичка кампања-дали е се така како што претставуваат кандидатите за градоначалници и советници ?!

0
By Mirjana on October 8, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 8, 2021 11:59

Велат,  во политичка кампања се е можно и дозволиво но и проверливо.  Деновиве, Центар.мк. ја постави дилемата, дали и колку се искрени намерите на носителката на советничката листа на „Шанса за Центар“ Јана Белчева Андреевска за развој на општината или пак зад нејзината, како што вели, независна кандидатура стојат политичко-партиски интереси?! Поборникот за транспарентни ДУП-ови, Јана Белчева имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно, пишува Центар.мк.

Иако ветува поголема транспарентност при носењето на ДУП-овите и ставање крај на урбанистичкиот хаос во општината, според информациите до коишто дојдовме,пишува Центар.мк,самата Белчева најверојатно ја има „мувата на капата“ кога станува збор за придобиена градежна корист од спорно донесен ДУП и противзаконски Одлуки на Советот на општината кои датираат од 2014 година.

Поточно, на име на членови на нејзиното најтесно семејство, односно мајката на Белчева, во Катастарот е впишана сопственост на имот на градежна парцела во Долно Водно, која во 2012 година општината ја впишала како градежна парцела за објект за домување со посебен режим, чија дозволива бруто изградена површина изнесува 535 метри квадратни.

Но, само по две години овие 535 метри квадратни во сопственост на семејството Белчеви се удвојуваат, па така со Одлука на Советот на Општина Центар бр. 07-4414/4 од 18.07.2014 на оваа иста катастарска парцела и се овозможува бруто изградена површина од 988 метри квадратни.

Ваквата Одлука на тогашниот Совет на општината, со која директна корист има семејството Белчеви, не е донесена во согласност со Законот за локална самоуправа, каде категорично е наведено дека ваква одлука се носи со мнозинство гласови од советниците.

Знаејќи го фактот дека Општина Центар брои 23 советника, логично е потребно мнозинство да изнесува дванаесет гласови за одлуката да биде усвоено.

„Прописите се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определено со овој или друг закон“, се вели во член 62 став 2 од Законот за локалната самоуправа.

Спорната одлука за овој ДУП за Градска четврт Ј07 од 2014 година, каде е парцелата на Белчеви, односно прописот на Советот на општина Центар, е „донесена“ со 11 гласови „ЗА“, односно со поддршката на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти исто толку 11 гласови „ПРОТИВ“ , од советничка група на СДСМ.

За ваквата одлука на Советот бурно реагираше тогашниот градоначалник Андреј Жерновски, кој за ситуацијата го извести и поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани. Помалку и изненадувачки министерот донесе решение во целата спорна ситуација да се вклучи и Инспекторатот, најавувајќи соодветни мерки.

-Ова значи дека има надеж и дека некој во Владата сака да ги почитува законите. Денеска ги добив потпишаните одлуки од претседателот на Советот. Сметам дека тие ДУП-ови се донесени спротивно на Законот за локална самоуправа и Законот за просторно и урбанистичко планирање, изјави во 2014 година Андреј Жерновски.

Тогашниот градоначалник реши да ја оспори законитоста на спорно усвоената одлука и пред Уставниот суд, но оттаму пак се прогласија за ненадлежни и како што образложија тие не је ценат законистоста на постапката на донесувањето на плановите според одредбите од Законот за локална самоуправа, па затоа постапката ја прогласија за ирелевантна и ја отфрлија иницијативата, пишува меѓу другото Центар.мк.

Поборникот за транспарентни ДУП-ови, Јана Белчева имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно?!

 

изборна кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.