НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Правото на здрава животна средина е основно човеково право

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за човекови права на Обединетите нации го прогласи пристапот до чиста и здрава животна средина како основно право, додавајќи на формалната важност за борба против климатските промени и катастрофи.

Одлуката беше изгласана без противење, и покрај претходните критики од земји како што се САД и Велика Британија, пренесува Хина.

Оваа резолуција беше дискутирана во 1990-тите. Не е правно обврзувачки, но може да влијае на глобалните стандарди. Адвокатите кои се занимаваат со климатските прашања тврдат дека може да им помогне во процесите што вклучуваат еколошка проблематика.

Документот беше предложен од Костарика, Малдиви, Мароко, Словенија и Швајцарија, и беше изгласан со 43 гласови „за“. Русија, Индија, Кина и Јапонија беа воздржани. Советот претставува 47 земји на еднаква основа низ континентите, избрани од Генералното собрание на ОН за три години.

Велика Британија, критичар на предлогот во последните преговори, во последен момент одлучи да гласа за резолуцијата, а САД во моментов не е членка на тоа тело.

Амбасадорката на Костарика, Каталина Девандас Агилар, рече дека одлуката „ќе испрати силна порака до заедниците ширум светот, погодени од климатските промени, дека не се сами“.

Противниците на резолуцијата ги критикуваа нејзините правни аспекти, тврдејќи дека Советот за човекови права не е соодветен форум за такви документи.

Џон Нокс, поранешен специјален известувач на ОН за човекови права и животна средина, пред гласањето рече дека оние што не гласаат за резолуцијата се „на погрешната страна на историјата“.

Светската здравствена организација проценува дека речиси 13,7 милиони луѓе умираат секоја година од загадување или промени во животната средина, односно 24,3 проценти од вкупните смртни случаи во светот.

климатски промени Обединети нации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.