НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интелектуалци од Македонија, Бугарија, Грција, ќе бараат решение за културниот судир меѓу македонската и бугарската држава

0
By Ана Василевска on October 10, 2021 КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за општествени и хуманистички науки, заедно со научници и јавни интелектуалци од Бугарија, Грција, Чешка, Унгарија, Словачка и Полска, отпочнува научно-истражувачки и застапувачки проект кој настојува да пронајде решение за културниот судир меѓу македонската и бугарската држава, како и нивните општества, кој резултираше со блокада на следниот чекор на пристапување на Македонија кон Европската унија.

„Ваквиот потег ја засегна европската иднина и на остатокот од регионот кој настојува да и пристапи на Унијата. Решението кое настојуваме да го најдеме е двојно: нов епистемолошки приод кон прашањето кое е од мултидисциплинарна природа, значи – академско решение, како и решение во смисла на политики (policy) кое може да се применат за надминување на судирот (во смисла на културен конфликт). Напоредно со ова, проектот ќе настојува да го отвори дискурсот за надминување на табуа, преиспитување на закостени национални митови од двете страни на границата, идентификација на културниот конфликт. Овој конфликт неретко се нарекува и етно-национален, но тој, сепак, се сведува на културен бидејќи е идентитетски и ја засега т.н. културна интима.“, информираат од  тимот на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

Затоа, велат, надоврзувајќи се на компаративни искуства како оние на Чешка и Словачка, Полска и Германија но секако и македонско-грчкиот судир на култури и наративи на градење нација, учесниците во проектот ќе настојуваат, по пат на жива медиумска расправа, да создадат дискурс на взаемна доверба кој ќе помогне во надминувањето на конфликтот.

Учесници во проектот се професорите, научни работници, но и активисти и јавни интелектуалци како: Стефан Дечев, Љупчо Петковски, Димитар Бечев, Катерина Колозова, истражувачи на институтот Никос Пуланзас од Атина (и/или Пантеон универзитетот), Михал Вит, Спасимир Домараџки, Габор Еги, Магда Јакубовска и други.

Проектните активности, во различни делови, се поддржани од Вишеградскиот фонд и Балканскиот траст за демократија -Маршаловиот фонд (Balkan Trust for Democracy – German Marshall Fund of the US, Belgrade).

А.В

 

влез во ЕУ интелектуалци македонско бугарски експерти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.