Во Белград со пленарна седница , покрај учество на бројни странски претставници, денеска втор ден продолжи Самитот со кој се одбележуваат шест децении од основањето на Движењето на неврзаните земји.Локалните медиуми известуваат дека учесниците упатиле пораки дека само со заедничка работа , соработка , можеме успешно да се соочиме со предизвиците и дека мора да се работи на воспоставување на еднаквост во светот.
Натаму се известува за бројните билатерални средби што се случиле за време на Самитот. Министерот Селаковиќ разговарал со заменикот министер за надворешни работи за економска дипломатија на Иран, Мади Сафари со кого било разговарано за поинтензивен политички дијалог и за јакнење на економската соработка во делот на земјоделието, енергетиката, градежништвото и туризмот.Србија ќе им овозможи студирање на студенти од Иран и Сомалија, било наведено во разговорите а дека со сомалискиот претставник била разгледувана можноста за економска соработка во областа на трговијата, земјоделието и ИТ-технологијата.
Српскиот претседател Вучиќ нагласи дека меѓународната соработка е единствен пат кон севкупна благосостојба и просперитет на целокупното човештво.
Светот денеска е поинаков од оној пред 6 децении , но дека и покрај растежите и падовите, Движењето на Неврзаните се покажало како успешна приказна.
На маргините , се одржаа бројни билатерални состаноци како Бизнис форумот.
Вечерва во Домот на Парламентот е организирана свечена вечера , додека синоќа гостите на престолнината можеа да видат несекојдневен призор , имено на фасадата се прикажувало што се случува на собирот внатре во зградата на Парламентот.
На собирот учествуваат претставници на 111 земји , девет делегации на меѓународни организации а домаќини на собирот се Србија и Азербејџан.
На самите седници на собирот учествуваа 550 гости , а настанот го проследија над 300 новинари.
Ова е собир на слободарски земји кои имаат своја традиција, своја историја, и храбро одат напред кон иднината. Мир во светот , солидарност, борба против сиромаштијата, нееднаквоста и тероризмот-ова е содржано во дел од пораката упатена од Белград што се заснова на основните постулати врз кои се заснова Движењето на Неврзаните.
Властите сметаат дека Самитот направил Србија овие денови да е центар на Светот од најмлаку три причини: Поради тоа што последната година се сведени на минимум сите мултилатерални собири, дека толку не апсорбирало делегации ни овогодинешното Генерално Собрание на ООН и дека , со тоа што дошле толку многу делегации не само што е израз на почит кон самото Движење на Неврзаните туку е израз на длабока почит кон Република Србија.