НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Не се очекува нов силен ковид-бран, засега не размислуваме за задолжителна вакцинација

0
By НОВА ТВ Balaban on October 13, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Телма тв
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е исклучено, рече Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче, не очекува во следниот период да има силен бран на Ковид-19, но оти состојбата постојано се следи и ќе се преземаат мерки согласно нејзиниот развој. Тој нагласува дека засега не се размислува за воведување задолжителна вакцинација, но оти ништо не е исклучено и се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.

– Не очекуваме силен бран, односно притисок во болниците, но сме спремни да се прифатат пациентите во кој било град, рече Филипче во одговор на новинарски прашања.

Тешко е, рече тој, да се зборува за очекувања, но може да се види од досегашните искуства дека овој бран беше силен и имаше голем број новодијагностицирани пациенти на кои им беше потребно болничко лекување, само во градовите каде е низок опфатот со вакцинација, а во градовите каде тој опфaт е повисок „нема гужви во болниците“.

– Сега на територијата на цела држава е во пораст опфат со вакцинација. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни и треба да ја следиме состојбата. Очигледно дека вакцинацијата го прави своето. Дека има ефект од овој процес е докажано и беше докажано сега во овие градови во кои болниците воопшто не се преоптоварија. И доколку се заразат вакцинирани лица, тоа ќе биде со полесна форма на болеста и тоа е нешто што се следи и во другите земји каде е прилично висок опфатот со вакцинација, рече министерот за здравство.

Тој вели дека почетокот на секоја кампања и препорака на одредена мерка го зголемувала бројот на лица кои аплицирале за вакцинација и оти сега интересот за примање прва доза е помал.

– Верувам дека на граѓаните се повеќе им е јасно каков е ефектот од вакцинацијата, а тоа е дека таму и каде има заболени, едноставно болниците не се преоптоваруваат. Со вакцинацијата се постигнуваат две работи – прво се штити сопственото здравје, а потоа и здравствениот систем кој нема да се преоптоварува и ќе може да работат нормално и други специјалности и да не се прават листи на чекање, рече Филипче, нагласувајќи дека и натаму ќе се работи  на потенцирање на важноста на вакцинацијата.

– Тешко е да се предвиди како ќе се движи состојбата со вирусот. Има различни студии и предвидувања. Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е  исклучено. Ќе видиме како ќе биде овој следен период, каква ќе биде епидемиолошката состојба, ќе видиме дали овој опфат со вакцина и натаму ќе ги намалува бројките и врз основа на тоа би носеле нови одлуки, рече Филипче.

Венко Филипче ковид-бран Силен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.