Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напаѓачот е уапсен: За петкратното убиство во Норвешка е осомничен 37-годишен Данец

0
By Sashko on October 14, 2021 ВЕСТИ
Фото: npr.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 14, 2021 08:37

Дански државјанин (37) е осомничен за убиство на петте лица во вчерашниот напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, соопшти денеска норвешката полиција.

Во нападот, што се случи вчеравечер, беа повредени уште две лица, меѓу кои и полицаец кој не бил на должност. Осомничениот со лак и стрела нападна на неколку локации во Конгсберг, град со околу 28.000 жители што се наоѓа на 68 километри југозападно од Осло.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата истражува дали користел некое друго оружје. Се верува дека напаѓачот дејствувал сам. Нападот се случи во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека спроведува истрага за да утврди дали нападот има врска со тероризам.

(ВИДЕО) Крвав пир во Норвешка – последно 5 лица убиени со лак и стрела и голем број ранети

Полицијата соопшти дека ја открила националноста на напаѓачите за да ги спречи гласините откако на социјалните мрежи излегоа одредени дезинформации.

Во тек е распитот на осомничениот и тој соработува со полицијата, изјави неговиот адвокат.

Нападот траел повеќе од половина час во пошироката област Конгсберг, вклучувајќи ја и продавницата Coop Extra, пренесе весникот „Афтенпостен“.

По нападот, полициската администрација им нареди на полицајците низ целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е генерално невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.

Полициската администрација соопшти дека тоа е мерка на претпазливост и дека „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени“.

Бројот на загинати го прави овој напад најлошиот во Норвешка од 2011 година, кога екстремниот десничар Андерс Беринг Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери кои присуствуваа на младински политички камп.

апсење напаѓач Норвешка Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.