Од изборниот штаб на СДСМ, од досега преброените гласови победа во прв круг партијата има и во Делчево а дека е во убедливо водството во Берово, Карпош, Пробишип, Богданци, Центар и Пехчево.
Претходно потпретседателот на партијата Фатмир Битиќи соопшти дека е извојувана победа во првиот круг во општините Дојран, Крива Паланка, Лозово и Валандово. Веќе имаме сериозно водство во Бутел, Ресен, Крушево, Струмица и уште неколку други општини, изјави Битиќи.
Секако ова се првични и неофицијални резултати чии извор се партиските изборни штабови.