НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По преброени над 50% од гласачките ливчиња, во Косово избрани 19 градоначалници уште во прв круг-нема ниту еден од Самоопределување

0
By Mirjana on October 18, 2021 РЕГИОН
Foto: Kosovo online
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, резултатите укажуваат дека во Косово се избрани градоначалници на 19 општини уште во првиот круг, пишува Коссев.

Од досега објавените резултати на веб -страницата на Централната изборна комисија, Дечани, Качаник, Јужна Митровица, Лепосавиќ, Липљан, Ново Брдо, Обилиќ, Пеќ, Србица, Штрпце, Сува Река,  Урошевац, Зубин Поток, Звечан, Генерал Јанковиќи, Ранилуг, Партеш и Северна Митровица ќе го решат прашањето за градоначалникот, пренесува Коссев, повикувајќи се на Газета експрес.

Од 19 општини во кои, според досегашните резултати, нема да има втор круг, Самоопределување не победи во ниту една од нив.

Според резултатите во општините каде што не се очекува втор круг, ПДК води пред другите албански партии – први се во Урошевац, Јужна Митровица, Србица, Качаник и Генерал Јанковиќ.

Во меѓувреме, според досегашните резултати, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ќе победи без втор круг во Пеќ и Липљан, додека Алијансата за иднината на Косово (ААК) ќе победи во Дечани и Сува Река.

Кандидатите на Српската листа синоќа прогласија победа во сите десет општини со мнозинство Срби на локалните избори во Косово.

Државниот обвинител на Косово објави дека до вчера, на целата територија на Косово, во врска со изборниот процес, биле регистрирани шест случаи на нерегуларности, во кои биле вклучени 14 лица, од кои 13 се приведени.

Лицата се процесуирани под сомнение дека сториле кривични дела повреда на слободното определување на избирачите и давање или примање поткуп во врска со гласањето, како и за попречување на гласањето и фалсификување на резултатите од гласањето.

Претходно беше објавено дека за време на изборниот ден во Косово, имало 80 обвинители на должност, 40 судии на должност, додека повеќе од 3.300 полицајци се грижеле за безбедноста на гласањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.