Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: Време е за модерно и современо Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on October 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 18, 2021 14:45

Ова денеска, овој резултат денеска, покажува дека време е да го средиме градот и да живееме во град со којшто ќе се гордееме. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје. Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени сите заедно со иста цел – да успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење, изјави Данела Арсовска денеска на прес конференција, по вчерашните локални избори.

Арсовска ги повика сите граѓани кои се незадоволни од политиките на досегашните градски власти да се приклучат и обединат во нејзината битка за подобро, модерно Скопје за сите.

– Ве повикувам сите кои не сте задоволни од досегашните градски власти, а такви не има многу да се здружиме и да ги поразиме. Ве повикувам да се обединиме заедно во оваа битка. Скопје не смее да биде предмет на политика, туку треба да биде град што ќе се развива онака како што сакаме ние скопјани, истакна таа.

Честитајќи им ги освоените гласови на сите кандидати, особено на независните и предложените од помалите партии, Арсовска потенцираше дека придонеле со нивните квалитетни предложени проекти и ги оцени како решенија вредни за реализација во нејзиниот мандат.

-Настапот и програмите на сите овие кандидати внесоа свежина и нова енергија на локалните избори. Ја подавам мојата рака, нивните програми и приоритети ќе најдат дел од мојата работа во следните четири години како градоначалник на Скопје, заклучи Данела Арсовска.

Меѓу другото Арсовска беше децидна дека позитивната кампања која што ја водела се покажала како успешна и потенцираше дека црните кампањи не поминуваат кај скопјани.

Изразувајќи голема благодарност за граѓаните кои што ја поддржале нејзината визија за современо и модерно Скопје, но и за останатите кои што ја исполниле граѓанската должност и демократското право и излегле на гласање, ги повика да бидат со неа во вториот круг од локалните избори.

– Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме затоа што ни треба промена веднаш. Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни од градоначалникот во заминување, затоа што Скопје и скопјани не треба ниту ден повеќе да живеат во нечистотија, сообраќаен и урбанистички хаос.  Скопје ќе биде убав град на среќни луѓе, ја заврши прес конференцијата Арсовска.

 

 

Данела Арсовска кандидати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.