НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Киднапирање: Банда од Хаити бара 17 милиони долари за 17-те мисионери

0
By Sashko on October 19, 2021 СВЕТ
Фото: herald.dawn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бандата, која во саботата на Хаити киднапира група мисионери од САД и од Канада, бара откуп од милион долари за секое лице или вкупно 17 милиони долари, изјави хаитскиот министер за правда. Истите криминалци во април киднапираа група католички свештеници кои подоцна биле ослободени, но не е познато дали за нив е платена откупнина.

Сите киднапирани се американски државјани, освен еден кој е од Канада. Меѓу нив има пет мажи, седум жени и пет деца. Најмладото дете наводно има само две години, пишува „Би-Би-Си“.

Мисионерите работеле за Christian Aids Ministries, непрофитна организација со седиште во американската држава Охајо, која набавувала храна и облека за децата од Хаити и им обезбедувала потребно сместување.

Седумнаесет христијански мисионери и членови на нивните семејства беа киднапирани во саботата од членови на банда во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Мисионерите беа киднапирани од автобус кој се движеше кон аеродромот за да остават некои членови на групата пред да продолжат на друга дестинација на Хаити, се вели во извештајот. Тие се враќале од посета на сиропиталиште.

Весникот „Вашингтон пост“ објави порака која на Ватсап ја испратила една од жртвите за време на киднапирањето.

„Ве молам, молете се за нас. Нè држат како заложници, го киднапираа нашиот возач. Молете се, молете се. Не знаеме каде не носат“, пишува во пораката.
Банда киднапирање Мисионери откуп Свет Хаити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.