Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шефот на Бундесбанка поднесе оставка

0
By НОВА ТВ on October 20, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 20, 2021 18:20

Претседателот на Бундесбанка, Јенс Вајдман изјави денеска дека ја напушта германската централна банка кон крајот од годинава поради лични причини, но го искористи моментот за да го потврди своето предупредување за ризици од инфлација, пишува Политико.

Вајдман побара од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да го разреши од должноста на 31 декември, се наведува во соопштението на Бундесбанка.

– Дојдов до заклучок дека повеќе од 10 години се добра мерка за време за да се сврти нова страница – за Бундесбанката, но и за мене лично, напиша Вајдман во писмо до вработените во банката, без да наведе повеќе детали.

Вајдман стана претседател на германската централна банка во мај 2011 година, откако неговиот претходник Аксел Вебер поднесе оставка во знак на протест поради антикризните мерки на ЕЦБ. Меѓутоа, во својата изјава, Вајдман се придржуваше до дипломатската линија, велејќи само дека останува цврсто убеден оти ЕЦБ треба да се придржува до својот првичен мандат за контрола на инфлацијата.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард изјави дека и е „исклучително жал“ за одлуката на Вајдман.

– Јенс имаше јасни ставови за монетарната политика, но јас секогаш бев импресионирана од неговата потрага по заеднички позиции во Управниот совет, од неговата емпатија кон колегите од Евросистемот и од подготвеноста за компромис, нагласи таа во соопштението.

Оставката на Вајдман ќе отвори уште една клучна функција, за која ќе се разговара во коалициските преговори на германската влада.

Лидерот на Слободните демократи, Кристијан Линднер напиша на Твитер дека жали поради одлуката на Вајдман.

Меѓу имињата за потенцијални наследници на Вајдман се потпретседателката на ЕЦБ, Клаудија Бух, германскиот државен секретар Јорг Кукис и економистите Марсел Фратшер и Фолкер Виланд. Друга опција би била членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, да премине во Бундесбанката и да ја напушти моменталната функција.

банка Бундесбанка Германија Јенс Вајдман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
shortcut
ФОКУС
August 6, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

ВЕСТИ August 6, 2026

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование…

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.